Запознајте ја Кирстен, девојката чија професионална кариера е патување на неверојатни места

Запознајте ја Кирстен, девојката чија професионална кариера е патување на неверојатни места

Изгледа дека веќе секој ден некој дава отказ од својата здодевна работа со цел да патува ширум светот. Но, за разлика од повеќето луѓе, Кирстен Рич ја открила тајната како да биде светски патник додека истовремено е и платена за тоа.

(1) Запознајте ја Кирстен, девојката чија професионална кариера е патување на неверојатни места

Назад, во 2011-тата година, оваа девојка од Калифорнија решила дека е време за голема промена. Токму затоа дала отказ, ги спакувала куферите, се качила на авион и воопшто не погледнала наназад. Денес, таа истражува егзотични локации и го документира нејзиното неверојатно искуство на својот блог, „The Blonde Abroad“, како и на Инстаграм.

Но, водењето успешен блог за патување не е толку лесно како што би помислиле. Таа објаснува:

„Ако сакате да почнете со блог кој ќе ви ги покрива вашите патувања, има големи шанси да не успеете. Токму затоа и треба да започнете со чисти намери, тешка работа и упорност. Ако се движите со тоа темпо, на крајот едноставно ќе се сакате себеси за постигнатиот успех.“

(3) Запознајте ја Кирстен, девојката чија професионална кариера е патување на неверојатни места

Досега таа успеала да посети 50 држави од нејзината листа за патување и нема намера да забави во скоро време. Погледнете ги следниве фотографии кои ги покажуваат неверојатните авантури на оваа 27-годишна девојка која ќе ве инспирира и вам да преземете драстични мерки со цел да бидете навистина среќни во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар