Запознајте ја Ава Кларк, прекрасната мала албино црнкиња

Запознајте ја Ејва Кларк, прекрасната мала албино црнкиња

Откако Ејва Кларк се родила, нејзините родители веднаш забележале дека има нешто различно кај неа. Нејзините очи биле сино-зелени, усните силно розови, а кожата светла. Дури и косата која полека почнувала да ѝ расте била руса. Сè ова било толку необично затоа што нејзините биолошки родители се Афро-американци со кафеави очи. Но, токму поради нејзиниот прекрасен и уникатен изглед, таа брзо почнала да ги привлекува очите на модните агенции.

(1) Запознајте ја Ава Кларк, прекрасната мала албино црнкиња

Денес Кларк има 8 години и веќе зад себе има долга кариера како модел. Нејзиниот уникатен изглед е резултат на албинизам, генетско нарушување кое се манифестира преку недостаток на пигмент во кожата, очите и косата. Албинизмот може да се појави кај сите раси, и покрај тоа што создава проблеми со видот и претерана чувствителност на сонцето, не претставува никаков проблем за здравјето на личноста.

Кларк поминала низ голем број генетски тестирања и испитувања на нејзините очи уште како бебе, но и покрај тоа што докторите рекле дека брзо ќе ослепи, таа им пркоси на шансите. По 4-годишна возраст видот на Ејва престанал да се влошува и денес има можност да оди во обично училиште и да носи обични очила. Но, за разлика од другите деца на нејзина возраст, таа не мора да биде потсетувана да ги носи.

(16) Запознајте ја Ава Кларк, прекрасната мала албино црнкиња

И покрај тоа што таа работела со големи модни компании, животот не е лесен за луѓето со албинизам. Многу често ова нарушување подлегнува на различни стигми, па оние кои го поседуваат се исмејувани за нивниот необичен изглед – особено за „црвените очи“ – мит кој потекнува од фактот дека блесокот од апаратите понекогаш ги прават нивните светло зелени, сини или сиви очи да делуваат црвено на фотографиите.

Овие проблеми стануваат уште полоши во Африка, каде што може да биде и опасно по живот. Тоа не е бидејќи албинизмот е фатален, туку затоа што луѓето кои го поседуваат се често ловени, киднапирани и убивани. Во местата како Малави или Танзанија, се верува дека деловите на телото на овие луѓе се магични, па се користат за правење лековити напивки. Луѓето во овие држави живеат во страв дека ќе бидат киднапирани и распарчени, а потоа нивните екстремитети и органи продадени на вештерски доктори.

(25) Запознајте ја Ава Кларк, прекрасната мала албино црнкиња

Додека ги гледате фотографиите на Ејва Кларк, ќе ви биде многу тешко да си поверувате дека некој би сакал да ја повреди или кој било како неа. Ако ја тргнеме на страна нејзината убавина, лесно може да се забележи дека таа знае како да ја заведе камерата. И оние кои ја познаваат лично велат дека нејзиниот карактер е подеднакво опоен. Да се биде толку млад, толку прекрасен и однатре и однадвор, додека се надминуваат сите оние негативни прогнози и долготрајни социјални стигми е нешто на што сите ние беспрекорно се воодушевуваме.

(8) zapoznajte-ja-ava-klark-prekrasnata-mala-albino-crnkinja-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар