Запознајте ја Џунипер, лисицата која се однесува како кученце

Запознајте ја Џунипер, лисицата која се однесува како кученце

Џунипер е лисица која со својата милина ги освојува социјалните мрежи. Таа е интересен избор за домашно милениче, но брзо се навикнала на луѓето и сега обожава да си игра со нив. Нејзината омилена игра е да се брка со нејзината сопственичка и пријателите низ дворот и куќата.

„Лисиците се многу енергични и природно се обидуваат да го ловат пленот бидејќи тоа им е вродено. Џунипер, како и сите други лисици, реагира кога ќе слушне гребење, бидејќи тоа ја потсетува на звукот кој го прават глувците под снегот или земјата“, вели сопственичката на Џунипер.

Запознајте ја Џунипер, лисицата која се однесува како кученце

Таа на Инстаграм ги објаснува сите предизвици кои доаѓаат со чувањето на лисиците како домашни миленичиња и дека тоа не е воопшто лесно како чувањето мачиња и кучиња.

„Лисиците мирисаат лошо. Нивната урина и нивниот измет мирисаат како твор и амонијак. Не постои начин да се ослободите од миризбата. Исто така не можете ни да ги чувате дома 24/7… Тие се деструктивни и ќе ви ги уништат работите низ домот. Лисиците мораат да се хранат со месо и коски. Исто така им треба и таурин или ќе ослепат, ќе страдаат од напади, а можат и да умрат…“, објаснува таа.

Но, и покрај сè, едноставно не можеме да ја изнагледаме оваа слатка лисица. Зарем не би сакале да ја имате во вашиот живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар