Запознајте го слаткиот вомбат Кеди

Кеди е малечок осуммесечен вомбат (вид индонезиски торбар) кој има среќа што воопшто преживеал бидејќи бил во кожното торбиче на мајка му, кога неа ја прегазил автомобил во јуни, оваа година.

Запознајте го слаткиот вомбат Кеди

Оттогаш, сивото бебенце живее во засолништето за животни „Warrandyte Wildlife“ во Мелбурн, каде друштво му прават две плишани мечиња.

Запознајте го слаткиот вомбат Кеди

Менаџерката на засолништето Линда Соварин вели дека ѝ донеле на Кеди „пријателчиња“ да ја дружат, бидејќи таа е моментално единствениот вомбат во засолништето:

Две мечки – играчки, кои им претставуваа друштво на стотици вомбати кои останале сирачиња во последниве 15 години, ѝ прават друштво на Кеди. Таа е прекрасно малечко животинче. Дојде кај нас кога имаше само 900 грама, а сега тежи 2.2 кг и треба уште да расне.

Запознајте го слаткиот вомбат КедиЗапознајте го слаткиот вомбат Кеди

Кеди ќе ја пуштат повторно во дивина, кога ќе тежи 25 кг. Неа ја хранат со специјално млеко, на секои 4 часа, а за нејзиното здравје се грижи цел тим од експерти.

Запознајте го слаткиот вомбат Кеди

Вомбатите потекнуваат од Австралија и растат околу 1 метар во должина. Женските вомбати се пораѓаат еднаш годишно, на пролет, а потоа своите бебиња ги чуваат во торбичето. Бебето го напушта торбичето после 6-8 месеци од раѓањето, а ја напушта својата мајка кога ќе наполни околу 15 месеци.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар