Запознајте го најсреќниот човек на планетава

Автор: Александра Чакаровска

Без сомнение го пронајдовме најсреќниот човек на планетава. Тој е 88 годишен дедо, се вика Johnny Barnes и живее на Бермудите. Секој ден, без разлика на временските услови, застанува на точно определено место и им ја пренесува целата своја среќа на сите оние кои што ги среќава. Со својата насмевка и со зборовите „ве сакам“, успева да измами многу насмевки и да им го разубави денот на случајните минувачи.

Запознајте го најсреќниот човек на планетава

Оние кои не го знаат, очекуваат да ги застане и да им бара пари. Но, набргу се изненадени кога ќе им посака убав ден, ќе ги поздрави со насмевка и ќе им каже дека ги сака. Жителите на островот го знаат и очекуваат да биде таму, на истото место, секој ден. Со својата неизмерна љубов, овој дедо ги трогнува сите и пренесува универзална порака, дека светот ќе биде подобро место доколку луѓето се сакаат.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ana Reply

    lele alal neka mu e ova retko se srekjava a navistina treba vaka . nas ne ni trebaat ljugje ova da go praat tuku nie samite da sfatime deka treba sekogas da gledam na posvetlata starna od zivotot 😀

  2. Елена Reply

    Ubavo, no dr. Haus vo edna serija imase vakov slucaj I mu najde lek. Se sto e preterano ne e norma. Vo sekoj slucaj podobro vakov sindrom nego namchorski .

Остави коментар