Занимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле

Папокот е за секое човечко битие прва и најважна врска потребна за живот, но неговата важност не се губи со пресекувањето на папочната врвца, тврдат научниците. Тие откриле дека во светот не постојат два идентични папока и некои од нив се многу попријатни за око, во однос на други. Околу 90% од луѓето имаат вовлечен папок, а останатите 10% имаат испакнат.

Занимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле

Кој папок е поубав?

Недамнешно истражување спроведено од страна на Универзитетот Хелсинки, покажало дека луѓето преферираат папок во облик на буквата „Т“ или овален облик. Воедно, на повеќето луѓе им е поубав вовлечениот папок. Научникот Аки Синконен тврди дека изгледот на папокот кај жените, може да биде симбол на нивната севкупна убавина, како и на нивната плодност, која зависи од симетричноста, обликот и положбата на папокот.

Може да се живее и без папок

И покрај тоа што сите луѓе се раѓаат со папок, сепак без него може да се живее. Пример за тоа е моделката Каролина Куркова, која вели дека без папок останала на операција која ја правела во детството. Друга славна личност која наводно немала папок е Алфред Хичкок.

Занимливи факти за папокот кои не сте ги знаеле

Нова облека – повидлив папок

Кога носиме тазе купена облека, папокот многу повеќе ни се исцртува и забележува, отколку на веќе износена облека, покажало едно истражување од 2009 година, објавено во магазинот „Medical Hypotheses“. Иако овој непознат факт не бил цел на истражувањето, сепак е интересно да се знае дека папокот полесно се сокрива во носената облека.

Ја открива бременоста

Бременоста резултира со бројни промени на телото и иако вовлечениот папок и понатаму останува внатре, а испупчениот надвор, сепак во текот на бременоста папокот значително се менува, а после бременоста брзо се враќа на првобитниот изглед. Во ретки случаи, кај трудните жени со екстремен раст на стомакот, може да дојде до испакнување на вдлабнатиот папок, кој останува таков и после пораѓањето.

Од папокот зависи и вашата брзина

Положбата на папокот во стомакот може да посведочи за тоа колку некој брзо плива или трча, покажало истражување на Универзитетот Дјук. Така, луѓето од црната раса кои во просек имаат папок поставен за околу 4 сантиметри повисоко на стомакот во однос на белците, генерално трчаат побрзо. Висината на папокот кај нив се прилагодила како резултат на нивната еволуција. Бидејќи луѓето од црната раса премногу се движеле, нивните нозе се издолжиле, а нивниот папок се поместил погоре на стомакот.

Бактерии во папокот

Во папокот има над 1.400 различни видови бактерии, а во некои случаи, може да има и повеќе од 2.500 видови, покажало истражување спроведено од Универзитетот Северна Каролина. За неговата цел, научниците ја анализирале содржината на папоците на 60 волонтери и притоа откриле бројни занимливости. Така, еден од волонтерите во својот папок имал бактерија која претходно била пронајдена само во Јапонија, иако тој никогаш во својот живот ја немал посетено таа земја.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар