Заљубен пар се венчал на 22 различни локации од светот

Алекс Пелинг и Лиса Грент се брачен пар од Источен Јокшир, кои до сега се имаат венчано 22 пати и тоа постојано на различна локација низ светот. Нивната цел е да се венчаат уште на осум егзотични дестинации.
Заљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотМладенците велат дека се моментално позаљубени отколку било кога. Помеѓу големиот број на венчавки кои ги имале досега, тие ги издвојуваат церемониите на Хаваите, на езерото во Мичиген, во Мексико, во Хондурас, во Квебек и во Лос Анџелес, каде што биле маскирани како вампири.
Заљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотЗаљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотПарот вели дека до оваа необична идеја дошле уште при планирањето на првата нивна венчавка бидејќи никако не можеле да ја одредат перфектната локација за церемонијата. Така тие решиле да го напуштат нивниот дотогашен живот и во последните две години постојано патуваат по светот.
Заљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотОдма после нивното прво венчање во Манчестер со кое Алекс ја изненадил својата сопруга, тие отвориле блог на кои редовно пишуваат за своите патувања и необични венчавки. Професионални фотографи им помагаат за да ги овековечат своите спомени. Интересно е тоа што, секој што сака да присуствува на некоја наредна нивна венчавка, може да се пријави на нивниот блог.
Заљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотЗаљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотЗаљубен пар се венчал на 22 различни локации од светотЗаљубен пар се венчал на 22 различни локации од светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар