Загатка: Пронајдете ги шесте разлики

Повторно празници! Уште не сме се измориле од Велигденските празници па навака и оп – дојде 1 мај. Денешниов празник сигурно го поминувате некаде на пикник, со скара и пиво, а ние ви пожелуваме да имате одличен помин со вашето друштво. Кога ќе се вратите истоштени од многу јадење, одморање и забавување и не знаете како да ги потрошите вишокот калории кои сте ги внеле, занимавајте се барајќи ги шесте разлики на двете навидум идентични сцени, се разбира доколку прво добро се истрениравте со претходната загатка која ја објавивме.

Загатка: Пронајдете ги шесте разлики

Пронајдете ги шесте разлики помеѓу двете навидум идентични сцени и кликнете (на левата или десната страна) кога ќе воочите нешто нееднакво. За да преминете на следното ниво, морате прво да ги обележите сите пет разлики. Сцените изгледаат многу реално, а музиката и по малку хорор ефектите, ја покренуваат возбудата во текот на играта. Со среќа! :)




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Saska Reply

    i ovoj pat site gi pominav :)))

  2. kate Reply

    Krajot e najdobar

  3. Теодора Трповска Reply

    го поминав :)

  4. V for Vendetta Reply

    Интересна игра, убава опција за тепање досада. И да, и јас ги поминав сите :)

  5. DekoRoker Reply

    Поминав за скоро 1 минута… има уште некоја ваква игра?? :)

Остави коментар