Загатка: Медал од Првата светска војна

Загатка: Медал од Првата светска војна

Еден дедо на својот внук му раскажувал приказни од своето воено минато.

„На крајот на Првата светска војна бев награден за мојата храброст затоа што ја спасив мојата чета,“ рекол тој. „Кога се боревме на северот на Франција непријателот фрли рачна бомба накај нас. Јас ја зедов в раце и ја фрлив пред да експлодира. Затоа, кога војната заврши, еден генерал ме награди со медал на кој што беше изгравирано ‘Награда за храброст за вистински херој од Првата светска војна’.“

Откако го сослушал, внукот одговорил:

„Дедо, ова не може да биде вистина“.

Како знаел за тоа?

Загатка: медал од Првата светска војна

  • Одговор:

    Во времето кога му бил врачен медалот на дедото, Првата светска војна не била нарекувана така, туку со други имиња, затоа што сѐ уште немало Втора светска војна.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар