Загадување на воздухот: Причини, последици и како да го спречите

Загадување на воздухот: Причини, последици и како да го спречите

Нема ништо подобро од тоа наутро да го отворите прозорецот и да вдишете чист и свеж воздух, но колку е чист воздухот што го вдишуваме сега? Иако деновиве е очигледно загадувањето, понекогаш не можете да ја процените загаденоста од тоа што го гледате пред вас. Според Светската здравствена организација, годишно умираат околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.

Што претставува загадувањето на воздухот?

(1)zagaduvanje-na-vozduhot-prichini-posledici-kafepauza.mk

Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент. Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример, јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.

Причина за загадување на воздухот

(2)zagaduvanje-na-vozduhot-prichini-posledici-kafepauza.mk

Загадувањето е можеби најсериозниот проблем со кој се соочува нашата цивилизација. Најчесто тоа е предизвикано од човечки активности како рударство, градење, транспорт, индустрија, агрикултура и слично. Секоја активност која вклучува согорување, користење хемикалии и/или произведување многу прашина придонесува за загадувањето на воздухот. Модерното загадување најчесто е од сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè уште придонесуваат за зголемување на проблемот. Постојат и природни загадувачи на воздухот, како вулкански ерупции и пожари, но тие се многу ретки.

Кои гасови загадуваат најмногу?

New Delhi: An arial view of the Central Delhi after thick layer of smog covered the national capital region on Nov 8, 2017. (Photo: IANS)

Секој гас може да се квалификува како загадувач ако неговата концентрација му штети на здравјето. Ова значи дека постојат многу гасови кои може да бидат одговорни за загадувањето, но следниве 10 се најчести.

1. Сулфур диоксид

Јагленот, нафтата и другите горива често се нечисти и содржат сулфур, како и некои органски соединенија. Кога сулфурот согорува со кислородот, се добива сулфур диоксид. Електраните кои работат на јаглен се најголеми производители и најголеми загадувачи со овој гас.

2. Јаглероден моноксид

Овој гас се формира кога горивата немаат доволно кислород за целосно да согорат. Најчесто настанува од автомобилите, а може да се наталожи и во вашиот дом.

3. Јаглероден диоксид

Овој гас обично не се смета за загадувач. Ние издишуваме јаглероден диоксид кој пак растенијата го користат за „дишење“. Сепак, и овој гас е стакленички и може да се создаде од мотори и електрани. Од почетокот на Индустриската револуција, јаглеродниот диоксид се таложи во атмосферата на Земјата и придонесува за проблемот со промената на климата.

4. Азотни оксиди

Загадувањето од азот диоксид и азот оксид потекнува од моторите на возилата и електраните. Тој е одговорен за формирањето кисел дожд, озон и смог.

5. Испарливи органски соединенија

Овие хемикалии испаруваат лесно на секојдневна температура, па стануваат гасови. Најчесто се користат во боите кои ги користиме во домот. За жал, и тие се одговорни за загадувањето на воздухот и можат да остават долготрајни последици кај луѓето.

6. Честички

Честичките се виновни за потемнувањето на зградите и тешкотиите во дишењето. Нивната големина е различна и најчесто се последица од сообраќајот.

7. Озон

Озонот, познат и како трикислород е вид кислороден гас. Во стратосферата, тој нè штити од ултравиолетовото зрачење на сонцето. Но на ниво на земјата може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.

8. Хлорофлуорокарбонати

Некогаш се сметале како безопасни, па овие гасови се користеле во ладилниците. Подоцна се открило дека му штетат на озонот на Земјата.

9. Несогорени јаглеводороди

Нафтата и другите горива се направени од органски соединенија кои содржат јаглерод и водород. Кога правилно се согоруваат тие се претвораат во безопасен јаглероден диоксид и вода. Но, кога согорувањето не е целосно тие испуштаат јаглероден моноксид или остануваат во воздухот создавајќи смог.

10. Олово и тешки метали

Оловото и другите токсични тешки метали може да се рашират низ воздухот како отровни соединенија или како аеросоли.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар