Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизација

И покрај големото влијание на технологијата врз денешниот начин на живеење, постои изненадувачки голем број заедници низ светот кои сè уште немаат никакви допирни точки со модерната цивилизација. Нивните традиции можеби нам ни изгледаат неразбирливо, но големи се шансите дека тие постоеле многу подолго пред појавата на нашите. Следуваат петте „најдалечни“ заедници кои живеат сосема изолиран начин на живот и некои од нив не сакаат ни да слушнат за каков било контакт со странци.

Непознато амазонско племе

Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаНајмистериозната заедница на оваа листа е едно мало племе кое се наоѓа на средината од Бразилскиот Амазон, во „најдалечните краеви на светот“. Тоа е скоро откриено и сè уште многу малку се знае за нивните традиции и обичаи. Нивното име исто така сè уште не е познато и единствената причина поради која биле пронајдени е сечењето на дрвјата околу нивното село.

И покрај тоа што изгледа како нивното племе да има ограничен контакт и со племињата во околината, тие го делат истиот јазик Пано со нив, но со досега непознат дијалект. Настрана од тоа, со сигурност знаеме дека тие живеат во големи колиби од слама што укажува дека во нив не живее само примарното семејство, но како точно се одредуваат поделбите сè уште не е познато. Главниот извор на храна им се плодови како банани, пченка и кикиритки.

Инуити од Канада

Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКанадските Инуити се едни од најстарите заедници чија историја датира од пред 20.000 години. Исто така тие се одликуваат по тоа што успеале да преживеат во едно од најбезмилосните места на планетата: на најсеверните простори од Канада каде што во летото има долги денови со умерена температура, но за време на зимите имаат константна ноќ и температури под нулата.

Поголемиот дел од нивниот живот тие го поминуваат ловејќи фоки, како и китови и некои видови риби. Нивните фамилии живеат заедно и во нив секој член има одредена специфична задача од која сите имаат придобивки. Инуитите секогаш биле многу понапредни во поглед на технологијата од останатите нивни соседи, сè додека не се појавиле првите колонии од Северна Америка.

Сами

Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаТие живеат во регионот „Sápmi“ кој ги опфаќа најсеверните делови од Шведска, Норвешка, Финска и Русија. Самите се единствените официјални скандинавски домородци.

Тие имаат голем број средства за живот, но најчесто се фокусираат на обработка на крзно, одгледување овци и рибарење. Тие се и најпознати по одгледувањето на ирваси врз кои се потпираат не само за исхрана, туку и за облека. Нивниот јазик, Сами, сè уште се употребува како примарен јазик од поголемиот број на жителите. Тој се учи како прв јазик и во голем број училишта на далечниот север, како и на Универзитетот Сами.

Сентинелси

Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаКако и непознатото амазонско племе, така и Сентинелсите се противат на контакти со странци. Но, на нивна среќа тие живеат на Северниот Сентинел Остров, кој е дел од архипелагот Андаман на средината од Индискиот Океан каде што се прилично изолирани. Нивната популација се смета дека брои нешто помалку од 250 жители, делумно поради фактот дека тие својата храна ја добиваат само преку ловење – нема никакви докази дека се занимаваат со агрикултура.

Тие се неверојатно прецизни со копје и стрели, но постојат многу малку докази за понапредни видови оружје за ловење или пак за друг вид технологија. И покрај проучувањето на Индискиот антрополог Т. Н. Пандит, многу малку се знае за нивната социјалност. Тој во 1970 ги опишува како вид „заедница за парење“.

Ваписхана

Заедници кои се сè уште недопрени од модерната цивилизацијаПронајдени во северен Бразил и јужна Гвајана, народот од Ваписхана за првпат воспоставил контакт со Европејците во 1498 година, за време на третото патување на Колумбо. Пред да се вмешаат мисионерите, тие биле полигамисти (еден маж имал повеќе жени), но денес голем број од нивните бракови се надгледувани од католички свештеници.

Од друга страна, голем број од нивните традиции сè уште се целосно сочувани. На пример, секое село секогаш се дизајнира околу црква и жителите се фокусираат на одгледување на „cassava“ (корен кој се јаде). Голем број од домовите се состојат од основна фамилија, плус дедо. Само селскиот водач живее во примарната и најголема куќа околу која се наоѓаат куќите на неговите синови и ќерки, кои живеат со нивните фамилии.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. selen Reply

    interesno……. 😀

  2. Elena Reply

    Ne e nepoznato Amazonskoto pleme.. toa bese nacin da se privlece mediumsko vnimanie pred nekolku godini, poradi branata sto ja pravat na Xingu.

    http://www.huffingtonpost.com/david-grann/the-truth-about-the-lost_b_172910.html

    Ako nekoj stvarno go interesira, ovde moze da procita se okolu Belo-Monte branata!
    http://amazonwatch.org/work/belo-monte-dam

    iskreno, me razbesnuva sto eden mal krug na politicari i kompanii odlucuvaat za nesto sto e svetsko nasledstvo… Amazonskata suma e moja kolku i nivna!

Напиши одговор на selen Откажи одговор