Задача само за луѓето кои забележуваат детали: Можете ли да ги најдете сите грешки на сликата?

Сакате да се почувствувате како вистински детективи? Внимателно погледнете ја сликата и обидете се да видите дали сѐ е како што треба. Иако на прв поглед можеби сѐ ви изгледа нормално, на сликата има дури 25 грешки. Нема да ви биде лесно да ги најдете, па затоа влезете во улогата на Шерлок Холмс и разоткријте ја мистеријата.

Задача само за луѓето кои забележуваат детали: Можете ли да ги најдете сите грешки на сликата?

Совет: Обрнете внимание на логиката на нештата што се случуваат на сликата. Има многу детали што не би можеле да постојат во реалноста (на пример, погледнете го полето!). Уживајте во потрагата! Доколку решите да се откажете од предизвикот, погледнете ги одговорите, но ние ве охрабруваме да дадете сѐ од себе!

  • Одговори

    Задача само за луѓето кои забележуваат детали: Можете ли да ги најдете сите грешки на сликата?

    1. Ветрот истовремено дува во спротивни насоки: Чадот се движи надесно, додека гранките се движат налево.

    2. Годишното време не е одредено: Некои дрвја немаат лисја, додека други имаат.

    3. Полињата се посеани и ожнеани истовремено.

    4. Коњот оди во во насока на веќе изораниот дел од полето.

    5. Нема човек што го држи ралото.

    6. Само дрвја растат на полето.

    7. Највисокиот бор има гранка од друго дрво.

    8. Сончевата светлина оди во различни насоки: Сенките на човекот и кучето паѓаат на различни страни.

    9. Портата има брановидна, а не правилна сенка.

    10. Портата има 5 хоризонтални редови, но на сенката има само 4.

    11. На портата нема желевце, ниту каква било направа за да се отвори.

    12. Грмушките растат точно на оградата.

    13. Куќата нема врата.

    14. Завесите се надвор од прозорците.

    15. Човекот е преголем во споредба со куќата.

    16. Кучето е преголемо во споредба со овците.

    17. На една овца ѝ недостасува нога.

    18. Една овца има црна опашка што личи на кучешка.

    19. Овците премногу брзо се намалуваат според дадената перспектива.

    20. Некои предмети немаат сенка.

    21. Дворот има ограда само од едната страна.

    22. Езерото е поставено повисоко од хоризонтот.

    23. Количката со сено е многу повисока од човекот.

    24. На рачната количка во предниот план ѝ недостасува едно тркало и рачка (ако е скршена, зошто би стоела на средина во шталата каде што се чува сеното?)

    25. Оџакот на покривот е направен од истиот материјал како и покривот.

Доколку ви се допадна овој предизвик, погледнете ги и следниве 7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар