Забавни начини на патување и откривање на нови места

Забавни начини на патување и откривање на нови места

Кога еден патник за прв пат ќе стапне на некое ново место, тој се брза да ги посети сите главни туристички атракции типични за него. Пристигнувањето во Париз создава нетрпение да се посети Ајфеловата кула, патувањето во Прага е обележано со прошетка по Карлов Мост, а посетата на Белград не поминува без глетката од Калемегдан.

И додека овие работи се важни и убаво е да се видат поради оправдани причини, односно затоа што се прекрасни, некои луѓе одбиваат да ги запознаваат новите места по добро утврдениот редослед. Малку од инает на за нив вообичаените туристички разгледувања, а многу повеќе поради забава и потрага по авантура, тие наоѓаат нови интересни начини на кои можат да ја почувствуваат душата на местото кое го посетуваат. Ова се неколку од тие начини кои можете да ги искористите на вашето следно патување за да му додадете спонтаност, авантуризам и многу возбуда.

Забавни начини на патување и откривање на нови места

Алфатуризам. Туристот купува мапа на која се имињата на сите улици. Ги наоѓа првата и последната по азбучен ред, повлекува права линија меѓу нив и оди токму по таа линија.

Аеротуризам. Туристот го посетува локалниот аеродром и го истражува без да го напушти.

Наизменично пешачење. Патникот тргнува од одредена точка, па на првата крстосница свртува лево, па потоа десно, па лево, па десно… сѐ додека не наиде на некаква пречка и почне сѐ одново.

Сеситуризам. Очите на патникот се врзани, а негов пријател го води низ градот. Секако, тој не може да набљудува што се случува наоколу, а тоа за него го прави пријателот. На патникот му останува само да ги впива звуците и мирисите, да ги допира нештата, или да наслушне по некој разговор на туѓинци.

Контретуризам. Туристот оди до најбитната знаменитост во градот, ѝ го свртува грбот и ја набљудува околината во обратна насока.

Еротурузам. Вљубен пар кој патува заедно може да се раздели утрото, па секој сам да разгледува наоколу сѐ додека случајно не се пронајдат еден со друг. Секој шета сам, сам го пие кафето, сам разгледува наоколу, но истовремено чека случајноста повторно да го спои со неговиот партнер.

Монополтуризам. Туристот купува локална верзија на популарната друштвена игра монопол и ја фрла коцката за таа да реши кое е наредното место што ќе го посети.

Никлатотуризам. Патникот посетува туристички атракции исклучиво во периодот помеѓу самракот и зората.

Сагитатуризам. Патникот фрла стрелка на мапата и патува онаму каде што ќе погоди.

Бартуризам. Туристот влегува во првиот бар на кој што ќе налета. Нарачува пијачка и го прашува барменот кој, после неговиот, е неговиот омилен бар. Потоа оди токму во тој бар и ја повторува истата постапка.

Покрај овие начини, обидете се подобро да го запознаете и вашиот град или некое друго место кое веќе сте го посетиле. Земете мапа, одберете еден дел од него и истражувајте до најмал детаљ. Можете и да направите тура во вашиот град каде што живеете. Шетајте на начин каков што ви душа сака и добро забавувајте се.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар