Забавна Фејсбук статистика

Како одминува времето, светската социјална мрежа Фејсбук станува сè поголем гигант. Како што покажаа статистиките, Фесјбук успеал да го надмине дури и неприкосновениот Гугл, во посетеност на територијата на САД. Ова е дел од неверојатната статистика на Фејсбук, која говори за неговата вртоглава успешност. Податоците се од крајот на 2010 година.Забавна Фејсбук статистика

  • Има повеќе од 500 милиони активни корисници.
  • Повеќе од 50% од активните корисници се конектираат на Фејсбук секој ден.
  • Просечниот корисник има 130 пријатели.
  • Луѓето на Фејсбук поминуваат 700 милијарди минути во еден месец.
  • На Фејсбук има повеќе од 900 милиони групи, заедници, страници, настани…
  • Просечниот корисник е приклучен на 80 заедници, групи и настани.
  • Секој месец се споделуваат повеќе од 30 милијарди содржини (линкови, вести, блог постови, фотоалбуми, белешки…).
  • Фејсбук можете да го користите на 70 јазици.

Забавна Фејсбук статистика

  • Скоро 70% од корисниците живеат надвор од САД.
  • На Фејсбук моментално има повеќе од 550.000 активни апликации.
  • Повеќе од 1 милион веб-сајтови се имаат поврзано со Фејсбук.
  • Има повеќе од 200 милиони активни корисници кој пристапуваат на Фејсбук преку нивните мобилни уреди.
  • Луѓето кои го користат Фејсбук на нивните мобилни уреди, се два пати поактивни од останатите корисници.
  • Фејсбук е проценет дека вреди помеѓу 7,9 и 11 милијарди долари (и цената постојано расте).

Забавна Фејсбук статистика

  • Во Фејсбук има повеќе од 1.700 вработени.
  • Повеќе од 20 милиони луѓе стануваат фанови на Фејсбук страници секој ден.
  • Просечниот корисник поминува 55 минути дневно, конектиран на Фејсбук.
  • 55% од жените прикачуваат повеќе содржини на нивните ѕидови отколку мажите.
  • Секој месец се прикачуваат повеќе од 3 милијарди слики.
  • САД е земја со најмногу Фејсбук корисници (повеќе од 143.500.000).
  • Повеќе од 250 апликации имаат над 1 милион активни корисници.
  • Доколку Фејсбук беше држава, таа ќе беше трета по големина.
За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар