За што можеш да завршиш во затвор во САД?

Низ светот постојат многу чудни и банални закони, но по сè изгледа дека во САД ги има во изобилство. Ова се примери за што можете да бидете уапсени или казнети вo секоја сојузна држава на САД, без разлика колку бизарно тоа ви изгледа. Па, доколку во наредниов период заминете натаму, бидете внимателни.За што можеш да завршиш во затвор во САДАлабама: Не смеете да носите лажни мустаќи, кои би предизвикале смеа во црква.
Алјаска:
Не смеете некому да му шепкате во уво, за време на лов на лосови.
Аризона:
Доколку исечете кактус можете да заглавите 25 години во затвор.
Арканзас:
Нелегално е погрешно да го изговорите името на државата.
Калифорнија:
Не смеете да јадете портокал во вашата када.
Колорадо:
Незаконски е да му ја позајмите правосмукалката на соседот.
Конектикат:
Корнишон не може да биде корнишон ако не отскокнува кога ќе го фрлите.За што можеш да завршиш во затвор во САДДелавер: Забрането е да се венчате поради облог.
Вашингтон:
Противзаконски е јавно да објавите нешто во кое некого нарекувате кукавица, затоа што не сака да прифати предизвик за двобој.
Флорида:
Доколку заврзете слон на паркинг место, морате да платите за паркингот исто како за автомобил.
Џорџија:
Забрането е да ја промените облеката од куклите во бутикот доколку пред тоа не ставите завеса на прозорите.
Хаваи:
Доколку не поседувате брод може да бидете казнети.
Ајдахо:
Мажот не смее да ѝ даде на својата девојка/жена кутија со слатки, која тежи помалку од 22,5 килограми.За што можеш да завршиш во затвор во САДИлиноис: Не смеете да носите француска пудлица на опера.
Индијана:
Законски, вредноста на ПИ е 4, а не 3,14.
Канзас:
Забрането е да фрлате со ножеви по мажи кои носат костуми во пруги.
Кентаки:
Секој граѓанин мора да се избања барем еднаш годишно.
Луизијана:
Доколку гризнете некого со природни заби, тоа претставува обичен напад, но доколку гризнете некого со вештачки заби, тоа ќе се класифицира како напад со нанесување тешка телесна повреда.
Мејн:
Доколку вашите Божиќни украси сè уште се видливи по 14 јануари, ќе бидете казнети.
Мериленд:
Спротивно на законот е да се мие мијалникот, без разлика колку и да е валкан.
Масачусетс:
Не е дозволено горила да се вози на задното седиште од кој било автомобил.За што можеш да завршиш во затвор во САДМичиген: Жената не смее да ја скрати должината на косата без дозвола од мажот.
Минесота:
Забрането е да се наслика врабец, со намера сликата да се продаде како на неа да има папагал.
Мисисипи:
Забрането е да го шетате кучето доколку не му ставите пелена.
Мисури:
Децата смеат да купат сачмарка, но не и пиштоли на каписли.
Монтана:
Забрането е жената да ја отвора поштата на мажот.
Небраска:
Сопствениците на барови не смеат да продаваат пиво доколку истовремено не варат супа.
Невада:
Мажи со мустаќи не смеат да бакнат жена.
Њу Хемпшир:
Забрането е да си ја продадете облеката во која сте облечени, за да го платите долгот од коцкањето.За што можеш да завршиш во затвор во САДЊу Џерси: Противзаконски е мажите да плетат за време на риболовната сезона.
Њу Мексико:
Жените не смеат да се појават во јавноста недепилирани.
Њујорк:
Додека се возите во лифт, не смеете да зборувате со никого, ниту пак да ги прекрстите рацете, а погледот мора да ви биде вперен напред кон вратата.
Северна Каролина:
Противзаконски е да пеете пониско или повисоко од мелодијата на песната.
Северна Дакота:
Забрането е да легнете и да заспиете доколку носите чевли.
Охајо:
Според државното возачко упатство, морате да притиснете на сирената кога се разминувате со друг автомобил.
Оклахома:
Забрането е да земете гриз од туѓ хамбургер. За што можеш да завршиш во затвор во САДОрегон: Според државните закони, садовите по миењето не смеат да се бришат, туку мора да се остават да се цедат.
Пенсилванија:
Нелегално е да спиете одозгора врз фрижидерот.
Род Ајленд:
Не смеете да каснете некого за нога.
Јужна Каролина:
Доколку маж ѝ вети да девојка дека ќе ја земе за жена, законски мора да го исполни тоа ветување.
Јужна Дакота: Забрането е да заспиете во фабрика за производство на кашкавал и сирење.
Тенеси: Продажба на шупливи дрва е строго забранета.
Тексас: Не смеете да застрелате бафало од вториот кат на хотел.
Јута: Нелегално е да не пиете млеко.За што можеш да завршиш во затвор во САДВирџинија: Незаконски е да скокоткате жена.
Вашингтон: Забрането е да се однесувате како родителите да ви се богати.
Западна Вирџинија: Доколку се шегувате на нечија сметка, зашто лицето не сака да прифати некој предизвик, ризикувате да завршите 6 месеци во затвор.
Висконсин: Во рестораните маргаринот не смее да се замени со путер освен ако муштеријата не го побара тоа.
Вајоминг: Доколку не поседувате дозвола, не смеете да фотографирате зајаци во периодот од јануари до април.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. zivot Reply

    hahahaha ne se normalni

  2. Hater Reply

    Izmisleni gluposti.Nisto ne veruvam,osobeno toa deka e zakonski pi da ima vrednost 4.

    • Haha Reply

      Vistina se izmisleni gluposti. Na primer, jas zhiveam vo New York, i sekogash zboruvam so luge koga ke sum vo lift. Site zboruvaat. Ama poketo veruvaat se shto ke prochitaat na internet.

  3. tef Reply

    nekoj zakoni se ok, no nekoj se malku cudni.. kamo vo MK da gi imase ovie zakoni :S

  4. Viviane Reply

    HAHaAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHA 😀
    Mentalni pravila (((;

  5. ха Reply

    Ај објавете за законите на исламските земји да се ИЗГАЗИМЕ од смеа:)

  6. DRAGANA Reply

    BOLNA AMERIKA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ne se dostojni da gi nareces nacija be alooo lugjeto se roboti tamu…

  7. Ana Reply

    Aj pojasni mi kako ke me vidis ako jadam portokal vo kada 😀

Остави коментар