За да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поим

За да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поим

Дали сродните души навистина постојат? За да можете да го одговорите ова прашање, прво морате да го дефинирате зборот „сродна душа“.

Платон се залагал за следнава теорија: Според грчката митологија, луѓето најпрво биле создадени со четири раце, четири нозе и глава со две лица. Зевс се исплашил од нивната моќ и ги разделил на два посебни дела, осудувајќи ги да го поминат нивниот живот во потрага по нивната друга половина… Љубовта се раѓа во секое човечко битие, ги повикува половините од нивната оригинална природа да се соединат повторно заедно. Се обидува да направи едно од две и да ги излечи раните на човечката природа.

За да ја пронајдете вашата сродна душа прво мора да разберете што значи тој поим

Некои луѓе веруваат дека сродните души доаѓаат во многу форми и исполнуваат различни потреби. Можеби верувате во идејата дека сродните души се под влијание на кармата. Луѓето кои доаѓаат во вашиот живот ви помагаат да научите важни животни лекции. Соединети сте заедно за да научите нешто еден од друг и потоа се разделувате исто толку брзо колку што сте се споиле веднаш штом ја научите лекцијата.

Или можеби верувате во идејата за романтична сродна душа: Некој со кого имате одлична сексуална хемија, но што е уште поважно и интензивно, топло чувство на емотивна поврзаност, удобност и сигурност. Таа личност инстинктивно прави да се чувствувате како дома и сакате да бидете со неа што е можно повеќе.

А можеби постојат сродни души кои доаѓаат во форма на вечни пријатели?

Сте запознале ли некогаш некого со кого веднаш сте се поврзале? Постои моментална поврзаност и се чувствувате како да ја познавате оваа личност целиот ваш живот. Тие го подигнуваат вашиот дух и уживате во нивното друштво без да вложувате труд. Тие остануваат ваши пријатели целиот живот. Тука сте еден за друг во добро и во лошо. Без разлика дали живеете блиску или далеку, секогаш кога ќе се видите ви се чини како да не поминало воопшто време помеѓу средбите.

Некои, пак, веруваат во концептот на близнак по душа. Кога ќе ја запознаете оваа личност, ви се чини како да сте запознале дел од себе, вашата друга половина. Толку сте синхронизирани, што тоа понекогаш ве плаши. Разбирате веднаш сѐ што ќе ви каже и се смеете хистерично додека не снемате воздух. Никогаш не можете да се излажете бидејќи толку добро се познавате. Не мора да станува збор за личност со која сте во љубовна врска. Тоа може да биде некој ваш пријател, пријателка, колега од работа…

Без разлика на тоа дали верувате во сродни души или не, веројатно постои некоја вистина во овој концепт бидејќи сигурно на сите ви случило да запознаете некоја личност со која веднаш сте почувствувале инстантна конекција. Бидете отворени кон нови познанства и бидете слободоумни. Вашата сродна душа можеби ве чека зад аголот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар