Вселување заедно: Исповеди за искуствата на неколку девојки

Заедничкото вселување е многу важен момент кој означува сериозен напредок во љубовната врска, но тоа не мора да значи дека врската ќе продолжи да се движи само нанапред. Понекогаш споделувањето простор (а и сметки) ги искушува границите на паровите. Некогаш пак, е совршено јасно дека сето тоа било грешка и дека воопшто не сте требале да бидете заедно. На крајот, најдоброто нешто што може да произлезе од тој чекор, е да продолжите да си живеете среќно и заљубено до крајот на животот. Точно е дека никој не може да го предвиди исходот од ваквата одлука, па затоа неколку девојки ги опишуваат нивните искуства.

3 месеци

„Јас и бившиот се вселивме заедно по три месеци. Двајцата бевме ‘сигурни’ дека тоа ќе биде засекогаш. По една година, двајцата веќе бевме во потрага по нов (одделен) стан. Посакувам да чекав и да планирав да се вселам заедно кога ќе се верам.“ – Алисон, 32

6,5 години

„Јас и моето момче се запознавме во првата година на факултет и излегувавме 4 и пол години. Поминаа две години од тогаш и неодамна се вселивме заедно. Прилично сум сигурна дека тој е вистинскиот.“ – Софи, 23

4 години

„Јас и моето момче се вселивме по 4 години (откако ни се смачи да живееме кај родителите), но тоа испадна тотален кошмар. Пет месеци откако живеевме заедно, раскинавме и јас се отселив. Два месеци после тоа, сфативме колку сме биле глупави и се смиривме, иако сѐ уште не живееме заедно.“ – Јана, 26

1,5 години

„Се вселивме по година и пол откако станавме пар. Живеевме на спротивни страни од градот, а тоа ни одземаше по еден час за патување – па затоа бевме спремни да започнеме одново во наш заеднички дом. Ние сме добри цимери – бевме искрени и комунициравме за нашите маани и доблести уште пред да се вселиме. Исто така, го сакаме времето што го поминуваме сами. Само што се веривме и мислам дека е безбедно да кажам дека сѐ испадна океј.“ – Џесика, 27

2,5 години

„Јас и бившиот излегувавме долго време кога решивме да се вселиме заедно. Тоа изгледаше како следниот логичен чекор, а исто така малку ги отворивме и темите за свршувачка. Се сакавме – тоа е сигурно, но кога ќе погледнам наназад, многу се каравме. Мислам дека двајцата мислевме дека тој чекор ќе ги разреши проблемите, но тоа не се случи. 8 месеци подоцна, јас се отселив. Продолживме да се гледаме по некое време, но на крајот едноставно не ни успеа.“ – Елиса, 32

3 години

„Јас и моето момче се вселивме неколку месеци откако јас се преселив во Њујорк по завршување на факултетот. Веќе 3 години бевме заедно откако завршивме факултет и тој тргна на патување низ Индија кое траеше 6 месеци. Два месеци откако замина, му се јавив да го прашам дали да барам стан во Њујорк само за мене или за двајцата. Тој додаде: ‘Кажи ми во следните четири часа’.Четири дена подоцна се вселивме заедно. Тоа беше пред 10 години. Сѐ уште сме заедно и веќе сме во брак.“ – Трејси, 32

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар