Врвен предизвик: Што ќе се случи ако се откажете од шопингот на една година?

Се знае дека шопингот е најдоброто решение за лошото расположение. Меѓутоа, што кога некој ќе ве предизвика да не отидете на шопинг цела година? Дали би се согласиле? Можете ли да се замислите во таа ситуација? Дали би „преживеале“? На прв поглед ова не делува претерано тешко, особено ако не сте вистински купохоличарки. Меѓутоа, ако сакате секој месец да се почестите со некое ново, тренди парче облека, добро ќе размислите дали вреди навистина да се откажете од шопингот заради еден предизвик. Сепак, пред да кажете да или не, еве неколку работи кои ќе се случат доколку се одлучите на овој моден експеримент.

2-shto-kje-se-sluchi-koga-kje-se-otkazhete-od-shopingot-na-edna-godina-www.kafepauza.mk_

1. Ќе откриете скриено богатство

Во вид на облека која не сте ја носеле со години! Бидејќи, кога ќе сфатите дека нема да имате ништо ново една година, морате да започнете да се снаоѓате со она што веќе го имате, зар не? Во почетокот ова ќе ви делува грозно, но потоа вашата смисла за мода ќе се зголеми и ќе создадете модни комбинации на кои претходно не би ни помислиле, а некои од нив ќе ви станат омилени. Поради ова вреди да ризикувате!

2. Ќе го средите гардероберот, домот, животот…

За да не носите постојано иста облека, ќе морате да го средите гардероберот за да можете да знаете со што располагате. Да, некоја облека повторно ќе ја откриете, а некоја навистина ќе посакате да ја фрлите. Кога ќе започнете да ги средувате и фрлате работите, ова расположение ќе започне да ве „фаќа“ не само во поглед на гардероберот, туку и во поглед на целиот дом, па и на животот. Бидејќи, хаосот во домот е и хаос во главата. Но, сега сето тоа ќе исчезне. Ќе дознаете колку е убаво да живеете во простор со помалку работи.

3. Ќе заштедите време, нерви и пари

Со оглед на тоа дека веројатно немате толку многу работи на располагање, со тек на време ќе научите како паметно да ги комбинирате. Тоа штеди време, енергија и нерви, бидејќи сите комбинации однапред ќе ги знаете и повеќе нема да се прашувате што да облечете додека со саати зјапате во преполниот шкаф. Секако, самата помисла дека нема да купувате една година го загрева срцето, но и паричникот, бидејќи знаете дека нема да потрошите ниту денар.

1-shto-kje-se-sluchi-koga-kje-se-otkazhete-od-shopingot-na-edna-godina-www.kafepauza.mk_

4. Ќе станете поинспиративни

И тоа не само во модна смисла. Кога нема да трошите пари на гардероба, ќе можете да трошите пари на искуства кои ќе ве развеселат и инспирираат. Што повторно ве води до модата и поголемата креативност кога е во прашање комбинирањето на облеката. Тоа е еден бескраен круг.

5. Ќе сфатите дека ништо не ви е потребно

Поточно, ќе започнете да ја гледате разликата помеѓу она што го сакате и она што ви е потребно. На пример, можеби сакате десет пара фармерки, но навистина не ви се потребни сите.

6. Ќе сфатите дека помалку е повеќе

Правилото „малку е повеќе“ не важи само за стилот, туку важи и за животот. Ќе сфатите дека среќата и добриот стил се кријат во едноставните модни комбинации, дека среќата е во секојдневните ситници на кои сега им давате поголемо значење, дека среќата е во сите оние мали работи во кои сега уживате, бидејќи времето не го трошите за размислување што да облечете. Среќата е во едноставноста, полната празнина и сето она со кое сте ја замениле купохоличарката во себе.

Ако сè уште не сте подготвени да се откажете, прочитајте ги овие 9 мудри заповеди за шопинг на распродажба.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар