Време е да го изгасите профилот: 13 начни на кои социјалните мрежи лошо ви влијаат

Сетете се кога за последен пат сте седеле цел ден без да ги проверите профилите на социјалните мрежи. Не можете да сè сетите? Социјалните мрежи не треба да заземаат голем дел од вашето време. Исто така вашата онлајн личност и онаa во вистинскиот живот треба да сè совпаѓаат, а не да потполно да се разликуваат. Сите понекогаш знаеме да бидеме зависни од социјалните мрежи, но треба да се има граница. Погледнете на кој начин тие лошо влијаат на вас.

1-vreme-e-da-go-izgasite-profilot-13-nachni-na-koi-socijalnite-mrezhi-losho-dejstvuvaat-na-vas-www.kafepauza.mk

1. Ги игнорирате луѓето пред себе. Вашите родители ве немаат видено цела недела, а вие сè уште не сакате да го ставите телефонот во чанта додека ручате заедно со нив.

2. Попрво би ја твитнале караницата со некого отколку да му го кажете тоа во лице. Ви треба време за совршено да ги компонирате 140-те карактери. #НеСеЗаебавајСоМене

3. Опседнати сте со тоа колку лајкови ќе добиете. Без разлика што и да објавите, дали е тоа слика од вашиот омлет за појадок или цитат за љубовта или пак едноставно видео во кое вашата мачка прави нормални работи како и секоја друга, ако не добие голем број лајкови, ќе биде избришано во рок од 24 часа.

4. Правите премногу селфи фотографии. Причината поради која постојано доцните е тоа што секогаш мора да направите 20 селфи фотографии од вашата моментална коса, шминка и облека.

5. Дак фејс. Доволно е.

6. Комуницирате едноставно преку фрагменти од по 140 карактери. Секогаш кога ќе треба да напишете нешто подолго од една реченица вие се блокирате. А читање? Нема шанси. Ако другите не ја разберат пораката преку 140-те карактери тогаш не се вредни за вашето драгоцено време.

7. Мислите дека секој сака да знае за вашите кризи во животот. Жалењето и пишувањето статуси како сте им верувале на погрешни луѓе нема да направи другите да сочувствуваат со вас. Тие само ќе превртуваат со нивните очи.

8. Не сте свесни дека сте проѕирни со вашето фалење. Вашите селфи фотографии од теретаната и „ловот“ по многубројни коментари сè неискрени и неподносливи. Честитки за вашите совршени стомачни, а сега следува отследување.

9. Статусот на вашата врска на Фејсбук ви е поважен отколку да бидете во здрава нормална врска. Само уште еден начин да им покажете на сите ваши познаници од Фејсбук каков прекрасен живот имате. Па што ако сте биле на неколку состаноци со момчето. Вашите ривали од средно нема потреба да го знаат тоа.

10. Мислите дека сте блиски пријатели со Рајан Гослинг бидејќи тој ви врати на еден од вашите твитови за него. Па сега барате начин како да го продолжите разговорот со него секој ден. „Хаха, Рајан напиша многу смешен твит пред некој ден.“

11. Кога сте ѝ лути на вашата пријателка вие не ѝ кажувате. Веднаш престанувате да ја следите на Инстаграм. Нема ништо побезмилосно од притискањето на „Unfollow“ копчето. Таа ќе забележи кога вие ќе престанете да ѝ ги лајкнувате нејзините постови и така ќе знае дека навистина ви погрешила нешто.

12. Кога не сте во најдобри односи со вашето момче, веднаш го менувате статусот на врската во „комплицирано“. Вашите пријатели и семејството мора да останат информирани за сè што се случува во вашата врска. Со ова не мора да им кажувате на сите посебно.

13. Ако Фејсбук не ве известува за родендените сигурно ќе го заборавите дури и роденденот на вашата мајка. Како луѓето ги памтеле родендените пред Фејсбук? Сигурно немате поим.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар