Возбудливиот свет на Ферари во Абу Даби

Автор: Петар Тодоровски

Прекрасниот забавен парк „Светот на Ферари“ е начинот на кој што богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати го изразија своето воодушевување од познатиот автомобилски бренд и нивната трофејна историја во Формула 1. Тие дел од пустината ја претворија во возбудлив забавен парк во којшто посетителите можат да ја реализираат страста кон автомобилизмот преку бројните атракции сместени под препознатливиот покрив со логото на Ферари. Забавниот парк се наоѓа на површина од 200.000 метри квадратни на островот Јас Ајленд во Абу Даби.Возбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиЗа нешто помалку од 50 евра посетителите добиваат дневна влезница со која можат да користат која било од големиот број луди возења, кино сали, примероци од старите модели на Ферари и многу други работи.Возбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиАтракциите варираат од симулација на Ф1 трка за деца и 3Д шоу кое детално го прикажува животот на еден Ф1 инженер, па сè до „Formula Rossa“ – најбрзата луда железница во светот која достигнува брзина од 240 км/ч, возење на вистински Ф1 симулатор, реконструкција на Формула 1 трките гледано од боксот на механичарите, како и возење низ живописните предели на Италија со вистински Ферари 250 Калифорнија Спајдер.Возбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу Даби


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар