Возбудлива кајакарска авантура покрај активен вулкан

Специјалност на бразилскиот фотограф Александре Соки е фотографирање на екстремните спортови, па затоа заминал на Хаваи со тимот на кајакарот Педро Олива со цел да снимаат за бразилско кајакарско ТВ шоу. Локацијата на снимање била покрај активниот вулкан Килауеа, каде што овие авантуристи кајакареле на само неколку метри од лавата која течела кон водата.Возбудлива кајакарска авантура покрај активен вулкан

„Станавме во 3.30 часот наутро, на пристаништето бевме во 4 часот, а во 5.45 веќе бевме кај вулканот, уште пред изгрејсонце, за да го добиеме најдоброто светло за лавата и кајаците во водата. Стигнавме таму и првите дваесетина минути само гледавме наоколу чудејќи се што да правиме… тогаш Педро реши да влезе во кајакот и да оди… не го очекувавме тоа, вели Соки.

Тој сакал да влезе во водата за да направи уште подобри фотографии, но се премислил затоа што нејзината температура била околу 90 степени. Сепак, сликал доволно за да ни го пренесе амбиентот во кој овие храбри авантуристи го пробивале својот пат низ врелата вода. Лавата која тече кон водата, пареата и разбранетата вода биле вистински предизвик за нив, а Педро Олива дури го загубил своето весло поради високата температура.

„Се надевам дека кога луѓето ќе ги видат овие слики нема да си помислат дека е безбедно да се весла толку блиску до лавата, затоа што навистина не е така,“ додава Соки.

Возбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулкан


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар