Волшепството сокриено во пештерата Мелисани во Кефалонија

Пештерата Мелисани се наоѓа на источниот брег од островот Кефалонија во Грција. Лоцирана е на околу 2 километри од градот Сами и 10 километри од градот Аргоцоли. Пештерата е долга 100 метри, а прекрасното езеро кое се наоѓа во неа опфаќа 1/3 од нејзината површина. Однадвор таа е опколена со бујна природа.Волшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаВолшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаИнтересно е тоа што водата во езерцето е соленикава и претставува мешавина од солена и блага вода. Пештерата се наоѓа на околу 500 метри оддалеченост од морето, а нивото на водата е за еден метар повисоко од морското ниво.Волшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаВолшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаПештерата била откриена во 1951 година, а за јавноста е отворена од 1963 година. Таа се формирала пред неколку илјадници години, а денеска има форма на буквата „В“ со две големи дупки исполнети со вода, помеѓу кои има остров. Едната дупка има голем елипсоиден отвор на површината, преку којшто продираат сончевите зраци, кои прават еден надреален ефект. Втората дупка има форма на лак и во неа се кријат голем број сталактити и сталагмити. Најдоброто време да ја посетите оваа пештера е во средината на еден сончев ден. До неа се стига со организирани бротчиња кои ќе ве одведат на магично патување низ двете дупки.Волшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаВолшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаВолшепството сокриено во пештерата Мелисани во КефалонијаВолшепството сокриено во пештерата Мелисани во Кефалонија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар