Волшебни пеперутки со проѕирни крилја

Волшебни пеперутки со проѕирни крилја

Пеперутки со проѕирни крилја? Да, постои еден вид кој се одликува со ваква карактеристика. Погледнете ги убаво овие пеперутки со стаклени крилја, восхитувачки вид кој ја збунува науката.

Волшебни пеперутки со проѕирни крилја

„Greta oto“ можеби ви звучи како главна личност во некој источно-европски филм, но, всушност, тоа е името на овој вид пеперутки за кој многу малку се знае. Нивната најпозната карактеристика е проѕирноста на крилјата кои се големи 6 см. Да, точно е. Можете да гледате низ нив.

Волшебни пеперутки со проѕирни крилјаВолшебни пеперутки со проѕирни крилја

Вообичаеното англиско име на овој вид е „пеперутки со стаклени крилја“, што само по себе говори за појавата на овој мал, но невообичаен инсект. Шпанското име за овој вид е „espejitos“, што во буквален превод значи „мали огледала“. Потребен е само еден поглед и возбудата доаѓа од самото треперење на крилјата на овие волшебни пеперутки. Не е ни чудно што шпанското име е баш такво. Кога ќе ги набљудувате одблиску крилјата на Greta oto, се забележува дека ткивото кое е распоредено помеѓу вените е транспарентно, односно проѕирно.

Волшебни пеперутки со проѕирни крилјаВолшебни пеперутки со проѕирни крилја

Повеќето други видови пеперутки имаат обоени крилја кои им служат како камуфлажа и заштита од предатори. Овие стакленокрилести пеперутки имаат развиено поинаква заштитна техника. Тие се невидливи, што е многу подобар механизам за разлика од обоените пеперутки кои ги предупредуваат предаторите. Единствено по што можете да ја забележите оваа пеперутка е границата на крилјата која е обоена кафено, понекогаш и портокалово. Да не се обоени граничните линии на крилјата дури ни ние, луѓето, нема да можеме да ја забележуваме.

Волшебни пеперутки со проѕирни крилјаВолшебни пеперутки со проѕирни крилјаВолшебни пеперутки со проѕирни крилја

Транспарентноста во природата е нешто за кое не се знае премногу. Со цел да се постигне транспарентност, едно ткиво треба да има особина да ги пропушта светлосните зраци, односно да не ги апсорбира и рефлектира. Луѓето, на пример, нема да можат никогаш да се здобијат со ваква особина бидејќи нашите клетки содржат биолошки и хемиски компоненти кои имаат различна рефракција. Се претпоставува дека транспарантноста на нивните крилја доаѓа од субмикроскопски честички кои избиваат на нивната површина и кои имаат еднаков индекс на прекршување на светлината со што ги прават крилјата проѕирни.

Волшебни пеперутки со проѕирни крилјаВолшебни пеперутки со проѕирни крилја

Стакленокрилетсите пепетурки не бараат некои посебни услови за живот. Ги населуваат дождовните шуми од Мексико до Панама (Средна Америка). Единствено, ако сте жител на некои од земјите во Јужна Америка, нема да можете да ги видите во природа. Се исхрануваат со нектар, а женките за партнер го одбираат оној кој е најдоминантен и визуелно привлечен. Пеперутките со проѕирни крилја, не се толку ретки како вид, но се меѓу ретките копнени животни со можност за транспарентност. Во еден момент ја гледаш, во друг веќе не 🙂

Волшебни пеперутки со проѕирни крилјаВолшебни пеперутки со проѕирни крилја

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар