Водич за резбање тиква за Ноќта на вештерките

Сите сме ги виделе оние интересни тикви со фенерче во средината кои се прават за Ноќта на вештерките. За да направите една ваква тиква, не мора да го славите празникот, особено ако се земе предвид дека во Македонија не се обележува овој ден.Водич за резбање на тиква за Ноќта на вештеркитеНо, една убаво изрезбана тиква дефинитивно ќе ги импресионира вашите пријатели и соседи. Тиквите се ставаат пред прагот на куќата, но вие можете да си ја ставите дома како украс. Кога тиквата ќе се изрезба и ќе ù се стави фенерче, таа го добива името Jack-O’ Lantern. Ако сакате и вие да направите ваква тиква, еве еден мал и едноставен водич како правилно да ја изрезбате.

Потребни ви се:

  • тиква
  • голема лажица
  • лажица за сладолед
  • тенко остро ноже
  • стари весници
  • фенерче или свеќи
  • креон или молив

Најпрво, на маса ставете неколку листови од старите весници. Земете ја тиквата и со тенкото остро ноже пресечете го горниот дел (таму каде што се наоѓа дршката) во круг. Кругот или дупката која ќе ја направите треба да биде доволно голема (по правило 2/3 од големината на тиквата) за да може да ја ставите раката и да ја исчистите тиквата од семките и мембраните. Дупка направете и на долниот дел од тиквата за да можете потоа да протнете фенерче или свеќа.Водич за резбање на тиква за Ноќта на вештеркитеЗемете ја лажицата за сладолед и убаво исчистете ја тиквата во нејзината внатрешност. Со обична лажица внимателно поминете околу ѕидовите со цел внатрешноста да биде мазна и чиста.Водич за резбање на тиква за Ноќта на вештеркитеПотоа, замислете си како сакате да изгледа тиквата. Обично, се резба тиква со очи, нос и уста.

Има и такви кои се вешти, па резбаат најразлични мотиви. Вие можете да си направите обична тиква, а ако сакате да експериментирате, погледнете ги овие дезени, испечатете некој што ви се допаѓа и со молив нацртајте ги контурите директно на тиквата. Потоа, резбајте по нацртаните контури.Водич за резбање на тиква за Ноќта на вештеркитеАко сакате едноставен мотив, тогаш со црн креон директно на тиквата нацртајте очи, нос и уста и почнете да резбате по линиите. Резбајте со мало остро ноже многу внимателно. Кога ќе ги изрезбате основните линии, погледнете од страна и доработувајте го она што не ви се чини рамно.Водич за резбање на тиква за Ноќта на вештеркитеНа крај, ставете мало фенерче или свеќа од долниот отвор на тиквата. Белите свеќи даваат најубав сјај на тиквата во ноќта.Водич за резбање на тиква за Ноќта на вештеркитеГотовата тиква ставете ја во некое катче во домот каде ќе може да ù се восхитувате и вие и вашите пријатели.

Ако изрезбате ваша тиква, не заборавајте да ни пратите фотка :)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар