Во светот на чоколадото

Во чест на меѓународниот месец на чоколадото, еве неколку интересни факти за патот на чоколадото, почнувајќи од какаовите дрвја, па сè до чоколадите во продавниците.

Во светот на чоколадото

1. Чоколадото се добива од плодови кои растат на какаовите дрвја. Овие дрвја успеваат во топли и врнежливи региони, во близина на екваторот. Потребни се 5 години за дрвото да созрее и уште 5 години за да се добијат зрели плодови. Какаовите дрвја може да даваат плодови во период од 30 до 40 години.

2. Секој плод од какаовото дрво има големина на топка за рагби и може да содржи до 50 зрна какао. Потребни се 4 зрна какао за да се направи 28,35 грама млечно чоколадо и 12 зрна за да се добие истата количина темно чоколадо.

3. Откако какаовите зрна ќе се испечат и ќе им се отстрани лушпата, тие се сушат на висока температура при што се добива густа смеса позната како чоколаден алкохол. Тој потоа се меша со шеќер и млеко за чоколадото да добие вкус. Според Институтот на технолози за храната, млечното чоколадо содржи 10% чоколаден алкохол, темното, горчливото и полуслаткото чоколадо содржат најмалку 35% чоколаден алкохол, додека белото чоколадо не содржи чоколаден алкохол, а наместо тоа содржи какао-путер, шеќер, млечни производи и додатоци за арома. Во составот на белото чоколадо мора да има најмалку 20% какао-путер и не повеќе од 55% шеќер.

Во светот на чоколадото

4. Според податоците на Американската алијанса за шеќер, Американците најмногу купуваат чоколадо за празникот Свети Валентин. Швајцарија пак, е земјата во која најмногу се јаде чоколадо.

5. Европа е полна со љубители на чоколадото. Во доцните години на 18 век, во Мадрид, Шпанија, секоја година се консумирале околу 544 милиони килограми чоколадо. Денес, според Калифорниската академија на науките, 15 од 16 водечки земји во консумирање чоколадо се европски држави.

6. Неколку коцки чоколадо се добредојдени за срцето. Во истражување направено во 2010 година се покажало дека луѓето на возраст помеѓу 35 и 65 години кои консумирале чоколадо, имале понизок крвен притисок и помали шанси за срцев удар, во споредба со оние кои не консумирале чоколадо.

Во светот на чоколадото

7. Дали чоколадото е афродизијак? Научниците сè уште не го докажале ова. Познато е дека во Мексико и во делови од Централна Америка за време на свадбите биле разменувани чоколадни напитоци. Легендата вели дека Казанова јадел чоколадо за да го подобри својот љубовен живот. Но сè уште нема научни докази кои би го потврдиле ова својство на чоколадото.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. bobi Reply

    se soglasuvam so vas pozdrav

Остави коментар