Во секоја брчка ни е запишана судбината: Дознајте што откриваат вашите?

Во секоја брчка ни е запишана судбината: Дознајте што откриваат вашите?

Ако сте премногу загрижени, под стрес или исхраната не ви е балансирана, сето тоа може да се види на вашето лице. Погледнете што зборуваат брчките за вас.

1-vo-sekoja-brchka-e-zapishana-sudbinata-doznajte-shto-otkrivaat-vashite-kafepauza.mk

Чело

Хоризонталните брчки упатуваат на преголема загриженост, а кај младите личности се знак на преголема конзумација на шеќер, млечни производи и растителни и животински масла и масти. Две вертикални брчки измеѓу веѓите упатуваат на лутина или потисната лутина која може да изразува нетрпеливост, фрустрација и/или здодевност. Ако брчките се спуштаат надолу кон коренот на носот, може да означуваат грижа и прекумерна концентрација.

Образи

Вертикалните линии на образите се знак на голем и континуиран стрес. Назолабијалните брчки (кои се спуштаат покрај коренот на носот до врвовите на устата) се линии на животната смисла или целта и покажуваат колку долго всушност живеете во стварниот живот. Ако се предлабоки, а сè уште немате 50, можеби е време за чистење на вашиот живот од разни верувања и идеи, но и за детоксикација, бидејќи ова подрачје е поврзано со дебелото црево.

Усни

Ситните вертикални линии над горната усна упатуваат на премногу грижи – време е да почнете малку да се посветите на себеси. Често се порпапратени со кратки брчки на разочараност кои од аглите на усните се спуштаат косо кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат огорченост и незадоволство од животот.

Брада

Вертикалните линии на брадата тешко се видливи кај младите личности, а се поврзуваат со рационални или ирационални стравови. Често кожата на тоа подрачје добива изглед на кора од портокал.

Очи

Брчките кои од надворешниот агол на окото во лак се искачуваат кон горе зборуваат за среќа и радост, а оние кои се спуштат кон јаболчниците или уште пониско се знак дека сте имале повеќе тага отколку радост во животот.

Во секоја брчка е запишана нашата судбина

Брчките на лицето сведочат за нашите години, но јасно ги откриваат и нашиот карактер, судбината, здравјето, како и тоа дали сме предодредени за успех и за што сме талентирани. Ова се основите на физиогномиката, наука за личноста, која први почнале темелно да ја проучуваат и користат старите Кинези. Погледнете што зборуваат за вас најизразените брчки кои ги имате на лицето.

Знак на снаодливост – Две или три линии кои хоризонтално го пресекуваат челото се сметаат за добар знак. Челото со две брчки често е знак на среќа кај успешните и снаодливи луѓе. Челото со три линии укажува на голема смисла за уметност и е одраз на книжевен талент.

Знак на популарност – Три, а со годините и повеќе долги, неиспрекинати линии кои одат преку челото образувајќи голем лак укажуваат на човек со исклучителна популарност. Таквата личност ужива длабока почит од својата околина и има широк круг на пријатели. Луѓето од овој тип можат да стекнат огромна слава и живеат долго и среќно без посебни грижи и неволји.

Знак на тешка судбина – Длабока, вертикална линија во средината на челото не е многу добар знак. Меѓу кинеските физиогномисти таа го добила името „висечка игла“. Таа линија означува закана за личната сигурност или претставува навестување на лоши односи меѓу сопружниците.

Меѓутоа, некои луѓе имаат т.н. компензирачки црти, како што се на пример класичните, идеални веѓи, очи и нос, кои на таквата личност ѝ помагаат да се варди несреќата. „Висечката игла“ често се сретнува кај луѓе на високи позиции, меѓу кои и кај членовите на власта, но и меѓу актерите, што говори за високиот интелектуален потенцијал на тие луѓе.

Знак на успех – Помеѓу двете веѓи се наоѓаат две кратки паралелни линии кои укажуваат на успех во раководството, индустријата или културата. Таквата личност е истовремено мислител и добар организатор на работата со која се занимава. Таа поседува сè што е потребно за брлијинатна кариера.

Знак на амбициозност – Доколку помеѓу двете веѓи се наоѓаат три прави линии, тоа е знак дека личноста може многу рано да се искачи на скалите на општествениот успех до самиот врв. Но, ако се трите вертикални линии искривени, тоа укажува на предиспозиција за психичко нарушување, а можеби и за криминални тенденции.

Знак на среќа – Една единствена хоризонтална линија која поминува по средината на челото е знак на убав и благороден живот. Таквата личност ќе има успех со сите потфати кои ќе ги направи, особено во младоста. Меѓутоа, доколку таа линија се наоѓа преблиску до веѓите, можни се непријатности во текот на тинејџерските денови.

Знак на слава – Необичните линии на челото во облик на ромб претскажуваат долг живот и исклучителна слава. Таквите линии се карактеристични за писателите, сликарите, музичарите и другите креативни професии.

Знак на болест и негативност – Тенките, кратки, кривулести и раштркани хоризонтални линии на челото говорат за личност со лошо здравје, за колебливост и безволен карактер. Дури и ако заземаат позиција за која се заинтересирани, таквите луѓе остануваат злопамтила.

Знак на лоша среќа во љубовта – Доколку личноста има по три вертикални линии под секое око, тоа значи дека може да има несреќен брак, кој ќе заврши со развод.

Знак на раѓање син или ќерка – Доколку бремената жена има кратки црти околу горните и долните усни, голема е веројатноста дека ќе роди син. Доколку нема, на свет ќе донесе ќерка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар