Во која земја има навистина најпаметни студенти?

Во која земја има навистина најпаметни студенти?

Вообичаено, популарните меѓународни листи на најдобрите универзитети во светот земаат предвид многу фактори, но не ја споредуваат способноста на студентите кои учеле на тие универзитети.

Меѓутоа, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во нивниот годишен извештај поврзан со образованието (Education at a Glance) ги објавила резултатите од тестовите кои ја споредиле способноста на дипломираните студенти од различни земји. Резултатите се разликуваат од рангираните листи на американските и британските универзитети како што се Харвард, МИТ, Стенфорд, Оксфорд, Кембриџ и УЦЛ (UCL).

Во која земја има навистина најпаметни студенти?

ОЕЦД ја тестирала писменоста на дипломираните студенти и најдобрите меѓу нив не биле од Америка или Велика Британија, туку од Јапонија и Финска. Ова се резултатите од тестирањето на ОЕЦД:

1. Јапонија

2. Финска

3. Холандија

4. Шведска

5. Австралија

6. Норвешка

7. Белгија

8. Нов Зеланд

9. Англија

10. САД

Ниту една од земјите на првите места не се појавува во вообичаените ранг-листи на универзитетите. Треба да се земат предвид и трошоците неопходни за студирање на универзитетите. На пример, холандскиот образовен систем со помали трошоци е подобар од оној во САД и Англија каде школарините се многу поскапи.

Исто така, ефикасниот училиштен систем не мора да значи успех и во високото образование. Јужна Кореа и Сингапур кои покажуваат одлични резултати на училишно ниво, се потпросечни кога станува збор за дипломските и постдипломските студии. Италија, Шпанија и Грција се на дното од листата на ОЕЦД.

Според Андреас Шлајхер, одговорен за оваа област во ОЕЦД, резултатите покажуваат дека способноста може многу да варира меѓу луѓе со слични квалификации. Можеби сите од нив имаат дипломи, но постојат големи разлики во квалитетот на високото образование.

„Кога станува збор за напредна писменост, вашите вештини можеби се доволно добри за да добиете диплома за завршено средно образование во Јапонија, Финска и Холандија, иако сте магистрирале во Италија, Шпанија или Грција“, објаснува Шлајхер.

Ова се најдобрите 10 универзитети во светот за 2016-17 година според популарните ранг-листи кои не ја земаат предвид способноста на дипломираните студенти:

1. МИТ (Massachusetts Institute of Technology)

2. Стенфорд

3. Харвард

4. Кембриџ

5. Калтех (California Institute of Technology)

6. Оксфорд

7. УЦЛ (University College London)

8. ЕТХ Цирих (ETH Zurich)

9. Империјал Колеџ Лондон (Imperial College London)

10. Чикашки универзитет (University of Chicago)

Во која земја има навистина најпаметни студенти?

Оксфордски универзитет

Резултатите на ОЕЦД покренуваат важно прашање околу тоа кои треба да бидат приоритетите на високото образование. Дали земјите треба да инвестираат со цел да постигнат подобар стандард во целост или да се фокусираат на тоа да развиваат неколку водечки институции на светско ниво?

Ранг-листите на универзитетите можат да ги потенцираат разликите помеѓу поединечни институции, но не можат да го оценат квалитетот на високиот образовен систем во целост. Не може да се негира фактот дека во популарните меѓународни ранг-листи универзитетите повеќе се натпреваруваат како брендови отколку како академски институции.

Оваа година, Оксфорд бил прогласен за најдобар универзитет во светот, но според ранг-листите на ОЕЦД можеби дипломираните студенти во Јапонија и Финска би требало да ја добијат целата слава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар