Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

Hot Tub Cinema е уникатен начин на гледање филм во кино, за сите оние кои сакаат да ја соблечат својата облека пред да започне филмот и да седат само по костим за капење, опуштајќи се во топла бања. Како што е објаснето на веб-сајтот ова е „луксузен настан кој го прославува филмот на забавен и пријатен начин“. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаНастанот се одржува низ Лондон и делови од Велика Британија, во текот на целата година, во затворен простор во текот на есента и зимата и на отворено напролет и налето. Заинтересираните посетители на киното можат да ги грабнат нивните костими за капење и да купат еден билет или да ја резервираат цела бања, за да ја делат со своето друштво. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаКако што сонцето почнува да заоѓа и воздухот почнува да се исполнува со пареа од топлата бања, гледачите имаат можност да си пијат коктелче и да се социјализираат со пријателите, додека уживаат во несекојдневното окружување и неверојатната глетка. 8 луѓе во една бања можат да се опуштат во амбиентот и да уживаат во добриот филм. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака„Hot Tub Cinema“ бара од посетителите со себе да понесат практични работи, како костим за капење и апостолки, но воедно ги охрабруваат да носат и костими, смешни перики и чувство за авантура. Со план да започнат да се шират интернационално, прашање на време е кога ќе почнат вакви настани да се организираат и во САД. Звучи како забавен начин да се поминат летните ноќи нели? :) Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака (10) Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар