Во Јапонија постои музеј со камења кои изгледаат како лица

Доколку некогаш отидете во Токио, потрудете се да одвоите барем два часа за да одите северозападно, во градот Чичибу, каде што можете да видите еден уникатен музеј. Се прашувате што е она што го прави да биде толку посебен? Тоа е неговиот претходен сопственик кој потрошил преку педесет години собирајќи камења кои личат на човечки ликови. Од лицето на Исус Христос, па сѐ до Елвис Пресли, овој музеј располага со голема колекција од 1.700 камења од кои 900 од нив се со ликови.

Откако кураторот на музејот починал во 2010 година, сега неговата ќерка е надлежна за местото и таа има намера да ги остави работите онака како што се, што е одлична вест за љубопитните. Погледнете ја галеријата и видете дел од она што го содржи овој уникатен музеј.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар