Внимавајте: 5 широко распространети митови за кондомите во кои мора да престанете да верувате

Презервативите се контрацепциско средство со најраспространета употреба. Освен за заштита од несаканата бременост, голема улога имаат и при спречувањето на полово преносливите болести. Но, иако денес се достапни скоро насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои сосема погрешни митови за овие гумени заштитници. За да ставиме крај на ова размислување, со вас ги споделуваме најголемите невистини за кондомите.

1-vnimatelno-5-mitovi-za-kondomite-vo-koi-i-ponatamu-veruvate-www.kafepauza.mk_

Мит број 1: Ако ставите лубрикант на кондомот, ќе го спречите несаканото кинење

Вистина: Лубрикантните на база на масло и петролеј всушност може да го оштетат кондомот.

Мит број 2: Кондомот штити од сите полово преносливи болести

Вистина: Кондомот не штити во целост од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ниту кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по полов пат. Кај ХПВ, како и кај херпесот, може да се случи личноста да боледува со години без никакви симптоми, и исто така без никакво предупредување да ја пренесе болеста на партнерот.

Мит број 3: Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми

Вистина: Можете да користите кондоми кои се изработени од полиуретан.

2-vnimatelno-5-mitovi-za-kondomite-vo-koi-i-ponatamu-veruvate-www.kafepauza.mk_

Мит број 4: Добро е да ги чувате кондомите во паричникот

Вистина: Чувањето на едно пакетче кондом во паричникот подолго време може да го ослаби материјалот од кој е направен, односно може да се создаде ситни дупчиња во него.

Мит број 5: Користењето два кондома одеднаш ја дуплира заштитата

Вистина: Користењето два кондома одеднаш всушност ја намалува заштитата, бидејќи се создава поголемо триење и поголема можност за презервативот да пукне.

За екстра заштитен и сигурен секс, дознајте неколку заповеди на кондомите.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар