Влијанието на социјалните мрежи: Еве што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук

Влијанието на социјалните мрежи: Еве што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук

Дали постојано им завидувате на другите, немате никаков социјален живот и не можете да се концентрирате? Според данските научници, сè тоа би можело да биде последица од претераното користење на Фејсбук кои тврдат дека оние кои поминале само една недела без оваа социјална мрежа покажувале значително зголемување на среќата.

Влијанието на социјалните мрежи: Еве што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук

„Го одбравме Фејсбук бидејќи станува збор за социјална мрежа која ја користат голем број луѓе на различни возрасти“, вели Меик Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата.

Оваа студија опфатила 1.095 испитаници, кои биле поделени во 2 групи – една која продолжила да користи Фејсбук со истото темпо, додека од другата се барало да издржат 7 дена без оваа социјална мрежа. По една недела, оние кои не користеле Фејсбук изјавиле дека се многу позадоволни од својот живот. Дури 88% од нив рекле дека се почувствувале посреќни, додека истото мислење го делеле 81% од другата група.

84% од оние кои апстинирале од оваа социјална мрежа, односно 75% од зависниците од Фејсбук го добиле истиот впечаток за среќата. Незадоволство од својот живот изјавиле 12% од истата група и 20% од оние кои и понатаму биле поврзани на мрежата. На крајот од експериментот оние кои не користеле Фејсбук изјавиле дека имале многу побогат социјален живот и помалку потешкотии при фокусирање, додека оние кои продолжиле да го користат не забележале никакви промени.

„Наместо да размислуваме за она кое ни е потребно, ние сме склони да се фокусираме на туѓите преокупации“, велат авторите на оваа студија.

Корисниците на Фејсбук имаат 39% повеќе шанси да се чувствуваат помалку среќни од оние кои не ја користат оваа мрежа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар