Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам

Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам

Животот е прекрасен и непредвидлив. Никогаш не знаете што ве очекува следно, а смешните случки и ситуации само го прават целото животно патешествие уште повозбудливо. Понекогаш вистинските приказни се поинтересни и од филмските сценарија! Прочитајте ги следниве забавни исповеди што несомнено ќе ве наполнат со оптимизам и ќе ви го подобрат расположението…

Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам

Шефови

„Решив да проверам како сум потпишан во мобилниот телефон на ќерка ми. Потоа, видов дека жена ми е потпишана како ’Шефица’. Ми беше страв да чепкам понатаму, но потоа видов дека сум именуван како ’Шефот на Шефицата’. Не знам зошто, но многу ми беше драго.“

Омекнувач

„Сопругата ме испрати во супермаркет за да купам омекнувач за алишта. Поточно, побара од мене да ѝ пратам фотографија од полицата со омекнувачи, бидејќи наводно не сум квалификуван за самиот да одберам кој да го купам. Па така, отидов до полицата и почнав да фотографирам. Одеднаш, еден маж покажа кон мене со неговиот телефон и рече ’Можам да ти пратам фотографии од сите омекнувачи преку Ватсап. Имам цела галерија. Секое шише е фотографирано одблизу од двете страни’. Јас одговорив: ’Не, благодарам. Ми кажаа да ја пратам целата полица, без фотографии одблизу’. ’Јасно. Ти си среќен човек.’ Јас се насмевнав и кажав ’Така нешто, но ти благодарам за понудата. Одлична идеја е ова со Ватсап.’ Човекот се насмевна и ми рече ’Да, но не е моја идеја. Го гледаш човекон што ги фотографира детергентите? Тој ми ги прати фотографиите. Сега треба да започне мојата фотосесија со храна за бебиња. Убав помин!’“

Часови по возење

„Една моја пријателка ми раскажа приказна што ѝ се случила додека земала часови за возење. Таа се возела со нејзиниот инструктор по улиците. Било многу жешко. Градот бил полн со сообраќаен метеж, а немало клима во автомобилот. Можете да си замислите колку било задушливо! Тогаш, застанале на раскрсница и го направиле следниов муабет:

Пријателката: Многу е жешко! Сакам да одам на езеро, да се бањам во ладна вода…

Инструкторот: Да одиме!

Пријателката: Што?! Не одам никаде со Вас!

Инструкторот: Зелено е! Да одиме!“

Мудроста на старите

„Прадедо ми има 93 години. Тој сѐ уште има одлична смисла за хумор. Неодамна, го прашаа која е неговата тајна за долгиот живот. Тој досетливо намигна со окото и рече ’Знаете, ТВ сериите се многу заразни… Морав да продолжам да живеам за да дознам што ќе се случи следно.’“

Гладни сте?

„Кога имав 8 години, со семејството живеевме во куќа со голем двор. Моите пријатели често доаѓаа за да си играме. Еден ден, решија да останат подолго од вообичаено. Моите родители ми кажаа да ги испратам дома. Па така, ги прашав: ’Гладни сте?’. Тие нетрпеливо ми одговорија: ’Да, гладни сме!’. И потоа им кажав: ’Епа, одете си дома!’. Мајка ми и татко ми уште ми се лути поради тоа.“

Вистински животни приказни што ќе ве наполнат со оптимизам

Мамурлак

„Имам личен возач. Обично ме носи на работа и одвреме-навреме ме префрла дома навечер за дополнителна плата. Една вечер, бев пијан и го викнав да ме собере. Беше 7 часот наутро. Седнав на совозачкото седиште и веднаш заспав. Кога се разбудив, погледнав наоколу. Надесно, сѐ уште се возевме. Налево – немаше возач! Ги затворив очите и повторно ги отворив. Го грабнав воланот во паника. Потоа, сфатив дека се возам закачен за камион. Испадна дека возачот застанал до дома на секунда и автомобилот бил одвлечен поради прекршување на правилата за паркирање.“

Оригинално име

„Другар ми долго време не можеше да одбере име за неговата мачка. На крајот се сети на ’Дојди ваму’. Сега, секогаш кога ќе каже ’Дојди ваму’, дебело крзнено маче влетува во собата. Многу е смешно!“

Продолжете на следната страница за останатите интересни приказни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар