Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет - Part 2

Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет

Супермодел и чајанка во кинески ресторан

Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет

Во февруари 2017 година, супермоделот Џиџи Хадид отишла во кинески ресторан. Таа видела колаче во форма на главата на Буда, го доближила до лицето и направила сличен израз на лицето. Нејзината помлада сестра, Бела, го објавила видеото на Твитер. Многу луѓе на социјалните мрежи биле лути поради расистичкото однесување на Џиџи и таа морала да се извини. На крајот, Џиџи не добила виза за Кина поради што не можела да учествува во шоуто на Victoria’s Secret во Шангај.

Навреди и лаги на социјалните мрежи

Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет

Кејти Рич, сценаристка позната по американското ТВ шоу „Saturday Night Live“, напишала на Твитер дека во иднина, Барон Трамп, синот на американскиот претседател, ќе стане првиот спортист со домашно школување. Таа мислела на тоа дека младиот Трамп не може да функционира во општеството како нормална личност и треба да биде школуван дома. Дури и на луѓето кои се против Трамп не им се допадна објавата. Кејти Рич ја избришала објавата, се извинила за нејзините зборови, но телевизијата Ен-Би-Си сепак го прекинала договорот.

Споделување тајни информации

Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет

  • Глумицата почетничка, Никол Кајсер, добила мала улога во популарната американската ТВ серија „Гли“ (Glee). Девојката била толку возбудена поради вестите што решила да ги сподели со нејзините следбеници на Твитер и притоа објавила спојлер за втората сезона на проектот. Менаџерите на серијата биле многу изненадени. Така нејзината кариера завршила уште пред да започне.
  • Џофи Џозеф работел во Националната безбедност и во 2011 година тој направил анонимен профил на Твитер каде што ја критикувал администрацијата на Обама и „споделувал“ владини тајни. Владата го барала 2 години и кога конечно го нашла, тој бил отпуштен.

Ќерка која ја загрозила кариерата на татко си

Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет

Брук Амелија Питерсон е ќерка на инженер за Епл и татко ѝ ѝ дозволил да го тестира новиот Ајфон Х кога отишла да го посети. Девојката снимила видео со новиот телефон во коешто покажала како изгледаат неколку негови апликации и го закачила видеото на Јутјуб. Веднаш откако видеото било објавено, претставниците на Епл ја контактирале девојката и побарале од неа да го избрише видеото. Татко ѝ морал да ѝ објасни на компанијата што направила ќерка му и да се извини во нејзино име. Но, и покрај тоа, инженерот бил отпуштен поради тоа што ги нарушил корпоративните правила на Епл. Подоцна, Питерсон изјавила дека не била свесна за фактот дека прекршувала некакви правила.

Како да си ја вратите репутацијата по направената грешка?

Вистински приказни за луѓе кои си ја уништиле кариерата поради една единствена објава на Интернет

1. Избришете ги сите навредливи објави од социјалните мрежи. Разгледајте ги претходните коментари што сте ги објавиле и избришете ги сите што ви делуваат сомнително или непристојно.

2. Извинете се. Направете го тоа еднаш, јасно и концизно. На пример, кога Марија Шарапова се извинила поради тоа што земала дрога и ја признала грешката, добила голема поддршка од нејзините обожаватели и спонзори.

3. Мора да ја согледате разликата помеѓу извинувањето и барањето изговори. Никогаш не барајте изговори.

4. По краткото извинување, треба да се повлечете. Дури и да ве навредуваат критиките, не треба да реагирате. Секој коментар само ќе додаде масло во огнот.

5. Најдете влијателна личност што би можела да ве поддржи јавно. Ваквата јавна поддршка ќе ви помогне многу брзо да ги згаснете жестоките критики. Такви луѓе може да бидат почитувани професори или други поединци кои имаат многу обожаватели.

6. Направете нешто за да докажете дека сакате да се смените. Почитта полека ќе ви се враќа.

Прочитајте ги и следниве неверојатни вистински приказни кои ќе ви покажат дека никогаш не треба да се предавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар