Вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот

Кучињата се неоспорливи херои на толку многу начини. Постојат безброј приказни за тоа како најверниот пријател на човекот ја покажал својата храброст и му го спасил животот. Кучињата навистина се лојални пријатели на кои можеме да сметаме секогаш кога имаме некаков проблем. Доказ за тие се и следниве неверојатни приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот…

1. Полициското куче Лајка кое станало вистински херој

Вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот

И покрај тоа што била погодена со 4 куршуми, Лајка сепак го нападнала и совладала бунтовникот кој го нападнал нејзиниот сопственик. Таа ја преживеала 7-часовната операција и била наградена со медал за нејзиното херојство.

2. И кутрињата можат да бидат херои

Вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот

Малото кутре Гео, кое имало само 8 месеци, го спасило животот на Чарли Рајли. Момчето за малку ќе било удрено од камион, но кучето го турнало на страна и тоа завршило прегазено.

3. Ниту еден кучешки лаеж не е бесцелен

Вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот

Ова куче му лаело на сопственикот 30 минути за да го изнесе надвор, наместо самото да си излезе. На крајот се дознало дека во станот протекувал гас и кучето само сакало да излезат надвор обајцата.

4. Нема ништо потопло од кучешката љубов

Вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот

Еден човек си го скршил вратот додека бил надвор, а температурите биле под нулата. Тој преживеал лежејќи во снегот цели 24 часа благодарение на неговото куче кое го топлело во текот на ноќта и лаело за помош. Човекот мислел дека прошетката ќе биде кратка, па затоа носел само долги пижами, маица и папучи кога излегол надвор и покрај тоа што температурата била -4 степени Целзиусови. Меѓутоа, тој се сопнал и си го скршил вратот. 5-годишниот златен ретривер, Келси, лежел на него, го топлел и се обидувал да го одржи буден со тоа што му ги лижел рацете и лицето.

5. Слепото куче Моли кое спасило 13 животи

Вистински приказни за херојските подвизи на најхрабрите кучиња во светот

Во куќата на едно семејство избил пожар и кучето Моли ги разбудило нејзините сопственици. Таа ги спасила животите на 7 луѓе, 2 кучиња и 4 мачки. Моли била слепа и ѝ предвидувале уште 2 месеци живот пред пожарот. 2 години подоцна, таа е сѐ уште жива и среќна.

Продолжете на следната страница за останатите приказни…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар