Вистински приказни кои докажуваат дека не ви е потребен суперхерој кога имате татко

Сите имаме слушнато неверојатни приказни за мајките, но што е со татковците? И тие го заслужуваат нашето внимание. За да се потсетите колку е добро да имате татко покрај вас, прочитајте ги овие прекрасни приказни за неверојатните мажи кои гордо ја носат оваа титула.

Вистински приказни кои докажуваат дека не ви е потребен суперхерој кога имате татко

„Одев на работа по ручекот. Времето беше убаво, сонцето светеше, бев расположена и почнав да си ја пеам песната што ја слушав. По некое време почувствував како некој ме крева и вика: ‘Што правиш овде?’ Се завртев за да го видам лицето на човекот кој ме држеше како да сум маче. Тој ме погледна изненадено и внимателно ме спушти на земјата. Веднаш почна да се извинува: ‘Се извинувам, извини. Мислев дека си ќерка ми која во моментов прави тест по математика на училиште.’“

„Луѓето секогаш раскажуваат за нивните мајки, а јас сакам да раскажам за мојот татко. Мајка ми нè напушти кога имав 5 години. Сега имам 24 и сум одгледана само од татко ми. Тој ме научи како да поправам цевки, како да ковам шајки, како да возам автомобил, како да правам слатки и така натаму. Но мојот татко е и мојата мајка! Тој го знае бројот на мојата облека, дури и на моите хулахопки. Знае која козметика ја сакам и може да ми каже дали да купам некој фустан или не. Тој може да ги чува моите тајни и да ги одговори сите мои прашања. Секогаш ми помага и ме разбира. Многу сум горда на него. И го сакам премногу!“

„Татко ми е вистинско лошо момче. Носи кожна јакна без разлика која сезона е, има фризура во форма на четка во разни бои, телото му е покриено со тетоважи и има обетки. Повеќето луѓе го гледаат и се прашуваат како ова страшило може да чува дете, т.е. да ме чува мене. Но ќе ви кажам дека кога бев мала, ова лудо лошо момче ме носеше во музеи и театри и не му беше грижа за реакциите на другите за неговиот изглед. Наоѓаше приватни учители и заедно учевме француски. Ги слушаше моите очајни обиди за свирење кога учев да свирам виолина и ме научи да свирам гитара. Ми помогна да ги одберам моите први чевли со високи потпетици, ме научи на самоодбрана и доаѓаше на концерти за рок и за класична музика со мене. Сега сум бремена и татко ми учи како да плете за да прави топли шалчиња за неговата внука. Сигурна сум дека мојата ќерка ќе го има најдобриот дедо на светот.“

Вистински приказни кои докажуваат дека не ви е потребен суперхерој кога имате татко

„Мојата 6-годишна ќерка ме праша што значи зборот мумија. Јас почнав да ѝ објаснувам за Египет, за фараоните и така натаму, но гледав дека не ме разбира. Па ѝ реков: ‘Оди и прашај го татко ти.’ Таа го праша и тој ѝ одговори: ‘Исушен човек!’ А ќерка ми рече: ‘Сега ми е јасно.’“

„Кога бев мал легнував на мразот и го терав татко ми да ме влече за ногата. Тој ми се смееше и ми велеше дека ќе ми се одмазди подоцна. Пораснав. За време на еден роденден на мајка ми, се сретнав со татко ми за да ѝ купиме цвеќиња. Ги купивме и се упативме дома, кога татко ми легна на земјата, ја испружи едната нога кон мене и ми рече: ‘Влечи ме сине, сега ти си на ред.’ Па, го влечев целиот пат до дома со цвеќињата во едната рака и неговата нога во другата. Татко ми беше пресреќен што конечно ми се одмазди!“

„Сакав да имам мој еднорог и тоа толку многу што почнав да плачам за тоа. Татко ми ме погледна и излезе надвор. Се врати речиси 3 часа подоцна со еднорог висок 1 метар и бел како снег, со розова грива и опашка и очи со боја на лаванда. Толку се израдував што повторно почнав да плачам. Татко ми беше збунет, па ми направи чај од нане за да ме смири. Не можам ни да замислам како татко ми, кој е силен и моќен полковник, го влечел слаткиот еднорог низ целиот град само за да ја усреќи својата бремена ќерка чиј сопруг е на патување. Сфатив дека никој нема да ме сака колку татко ми. Тој сè уште не знае дека мојот син ќе го носи неговото име.“

„Се возев во автобус со татко ми. Тој седеше неколку седишта зад мене. Еден човек ми пријде и ми рече: ‘Дали мајка ти сака зет?’ Му реков: ‘Не знам за мајка ми, но можам да го прашам татко ми.’ Човекот навистина се збуни кога извикав: ‘Еј тато, дали ти треба зет?’ Тогаш татко ми рече: ‘Зету, колку склекови можеш да направиш?’ Момчето одговори 6. Потоа татко ми праша: ‘А колку стомачни?’ Момчето му одговори околу 20. Татко ми продолжи со прашањата: ‘Што можеш да ми дадеш за ќерка ми?’ Момчето не беше кукавица и му подаде едно чоколадо. Татко ми го отвори и бавно одговори: ‘Прифатено. Сега ќерка ми е твоја. Се разбира, малку си слаб, но ќе се грижам за тебе.’ И татко ми навистина се грижеше за него – секое утро го почнуваа со џогирање, правеа склекови, стомачни и така натаму. Пред половина година се венчав со слабото згодно момче што сега имаше совршено оформени мускули. Ти благодарам, тато!“

Вистински приказни кои докажуваат дека не ви е потребен суперхерој кога имате татко

„Требаше да излегувам. Ја облекував нашата 6-месечна ќерка. Сопругот ме чекаше пред влезната врата со неговите чевли и палто. Како што ме чекаше, му стана здодевно. Застана на колената и дланките и почна да лази до собата за да не ги соблекува чевлите. Почна да зборува со нашата ќерка, а таа гледаше во него полна со љубов. Му реков: ‘Гледај колку те сака. Но за што?’ Сопругот само рече: ‘Знае кој е најнормалниот член во семејството…’“

„Нашите ќерки одеа на балет и беа навистина добри. Но еден ден почнаа да се жалат дека им е здодевно, дека тоа е премногу за нив и дека не сакаат да одат. Се обидував да разговарам со нив, потоа се обиде мајка ми, па мајката на сопругот, но тие не попуштаа. Па, решив да го искористам тајното оружје и го замолив сопругот да разговара со нив. Имаше половина час тишина. Помина час и половина. Дури тогаш слушнав смеење и гласот на мојот сопруг кој рече: ‘Нема шанси!’ Девојките му рекле дека ќе продолжат да одат на балет само ако вежба и татко им. Се обидувавме да го убедиме, и на крајот попушти. Па сега ова се случува 3 пати неделно. Девојките се враќаат од балет, одат во собата за вежбање, а мојот сопруг во хеланки трча по нив. Мажот од речиси 100 килограми се обидува да ги изведе сите движења со девојките. Тоа е љубов.“

„Кога имав 18 години дознав дека татко ми не е мојот биолошки татко. Биолошкиот татко ја напуштил мајка ми кога била бремена. Бев шокирана. Цела ноќ плачев и мислев зошто ми се случува тоа и дека не сме вистинско семејство. Но тогаш почнав да се сеќавам на сите ноќи кога татко ми остануваше со мене и ми помагаше за домашните кога мајка ми беше на работа. Се сетив кога татко ми му помагаше на еден пријател и јас влегов во гаражата. Кон мене се движеше нешто од загреано железо, а татко ми го фати со гола рака. Беше ужасно изгорен, но јас бев безбедна. Се сетив дека ми нема заборавено ниту еден роденден и дека за секој ми купува букет цвеќе. Потоа отидов во кујната и татко ми го пиеше утринското кафе. Го прегрнав и му реков дека никогаш не сум имала друг татко и дека не ни сакам. Оваа вест имаше големо влијание врз мене. Ми помогна да сфатам колку ги сакам моите родители и колку тие ме сакаат мене.“

Погледнете и зошто врската помеѓу татко и ќерка е нераскинлива.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар