Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Бела Девјаткина е 4-годишно девојче од Русија кое зборува 7 јазици. Таа своето знаење го покажа во руското реално шоу „Неверојатни луѓе“ (Udivitelniye Lyudi) и ја освои целата публика со нејзиниот неверојатен талент за учење јазици, пеење и танцување. Таа го остави жирито во шоуто без зборови, но сепак нејзиниот најголем сон е да стане прекрасна сирена.

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Ова мало девојче покажа дека зборува различни јазици во московското реално шоу

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Откако со леснотија го прочита и одговори прашањето на англиски јазик, таа разговараше на германски

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Бела делуваше отсутно додека танцуваше на сцената, но сепак не се збуни од ниедно прашање поставено на 7-те различни јазици

Мајчиниот јазик на Бела е рускиот, но покрај него таа исто така зборува англиски, германски, шпански, француски, кинески и арапски. Неверојатно е тоа што Бела навистина може да комуницира на овие јазици и поседува богат вокабулар што ѝ овозможува да води покомплицирани разговори.

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

За време на шоуто таа одговараше на прашања поврзани со предметите што ги учи на училиште, но поставени на различни јазици

Јулија, мајката на Бела, вели дека почнала да ја подучува ќерка ѝ да зборува англиски на возраст од 2 години. Набрзо забележала дека таа пројавува интерес и за други јазици, па почнала и нив да ги подучува.

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Таа дури и испеа песна на шпански со што ја восхити целата публика

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Акцентот на Бела за сите јазици е многу јасен, а доказ за тоа е и моментот кога таа прочита цел параграф на француски

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Жирито во руското реално шоу остана без зборови

Не е никакво изненадување тоа што лингвистите се исто толку импресионирани од Бела како и целиот свет.

„Ваквите случаи се ретки, но се случувале и во минатото. Јазичните центри во човечкиот мозок се вклучуваат во различни фази од развојот“, објаснуваат тие.

Тие веруваат дека Бела нема да го изгуби нејзиното знаење, но предупредуваат дека во одреден период од животот може да избледе, доколку не ги зборува и вежба јазиците постојано.

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Бела има учители по сите различни јазици, меѓу кои и кинески и арапски

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

Таа воопшто не се вознемири од публиката која внимателно го следеше секој нејзин збор

Бела и понатаму ќе продолжи да учи јазици и да сонува да стане сирена исто како и нејзината омилена принцеза, Ариел.

Вистински мал генијалец: 4-годишно девојче ги вчудовиди сите откако покажа познавање на 7 јазици

И на крајот таа го доби нејзиниот подарок – розова опашка од сирена, за да може да биде иста како нејзината омилена Дизни принцеза, Ариел.

Погледнете го и видеото од настапот на Бела во реалното шоу кое несомнено ќе ве остави без зборови…


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар