Вистински дами: 7 карактеристики кои се одраз на силните жени

Вистински дами: 7 карактеристики кои се одраз на силните жени

Сите во животот имаме барем по еден пример за самосвесна, силна жена – без разлика дали се работи за пријателка или член на семејството. Ним им се восхитуваме, нивниот карактер нѐ привлекува и посакуваме да ја имаме нивната самодоверба. Секоја нивна постапка изгледа како нивните препреки да се превртиле наопаку и се претвориле во уште една скала поблиску до патот на успехот. Се прашувате во што е нивната тајна?

0-vistinski-dami-7-karakteristiki-koi-se-odraz-na-silnite-zheni-kafepauza.mk

1. Тие ги негуваат своите знаења

Силните жени се свесни за нивната сила, акумулираното знаење и способности, а во текот на животот – како приватно така и професионално, тие знаат дека станува сѐ потешко и потешко да се постават во ситуации во кои можат да ги искористат своите вештини. Затоа се фокусираат на она во што се одлични, наместо да се жалат на нивните слабости.

Исто така, тие се свесни дека не се совршени, но се свесни и дека човекот е направен таков. Ваквите жени секоја грешка ја претвораат во корисно искуство и задолжително извлекуваат некаква поука.

2. Ја вежбаат самодовербата

Кога им е потребно малку охрабрување – без разлика дали на работна презентација или приватен состанок, силните жени ја вежбаат својата самодоверба, за секој случај. Под „вежбање“ подразбираме афирмација или вежбање говор пред огледало и облекување облека во која се чувствуваат женствено и моќно – во која си се допаѓаат сами на себе кога ќе го погледнат својот одраз. Силната и успешна жена знае кој ритуал да го употреби за да ја отстрани несигурноста и да настапи професионално и прилично беспрекорно.

3. Уживаат во самотијата

Макар да станува збор само за еден час тишина, самотија и одмор од луѓето и задолженијата, ова е задолжително за сите успешни жени. Тие се свесни дека на умот и на телото им е потребен одмор – затоа никому нема да му дозволат да им го украде тој час и да ја наруши нивната совршена рамнотежа. Како можеме квалитетно и долгорочно да се даваме себеси на другите, ако самите сме потрошени и незадоволни?

4. Не ги интересира моделот на „совршена“ жена која општеството им го наметнува

Силните жени кои се сигурни во себе никогаш не дозволуваат медиумите или општеството да им диктираат како треба да се однесуваат и облекуваат. Тие никогаш нема да бидат слаби само затоа што е во прашање некој тренд. Напротив, тие се силни и успешни затоа што се свесни за себе и се сигурни во нивните животни избори.

5. Ништо не сфаќаат лично

Вистинските дами никогаш не ги избегнуваат тешките мигови поради една многу проста причина – тие знаат дека ништо нема да се промени ако одлучат да ги игнорираат негативните нешта во нивниот живот и затоа што секогаш успеваат да го согледаат позитивното во ситуацијата.

Тие не паѓаат во депресии, нити пак длабоко тагуваат – тие храбро се соочуваат со вистината и го бараат најдоброто решение. Исто така, овие жени се свесни дека не можат да го контролираат туѓото однесување и емоции, но дека можат своите и тоа им е единственото нешто кое им е важно.

6. Поставуваат охрабрувачки прашања

Уште една одлика на силните и сигурни жени е јавното поставување прашања поради кои се чувствуваат како подобра личност и отворање теми кои лично ги исполнуваат. Исто така, тие знаат дека поставувањето прашање од типот „Зошто јас/мене…“ се бесцелни и не значат ништо.

7. Сакаат да го подобрат светот

Вистинските жени секогаш ќе се прашуваат како можат да ги искористат своите способности за да го подобрат светот во којшто живеат – несебичноста е една од клучните карактеристики на овие жени затоа што знаат за што се способни и сакаат да го споделат тоа со остатокот од светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар