Вистинити приказни за жени кои се извор на страв

Вистинити приказни за жени кои се извор на страв

Во минатото некои жени биле обвинувани за вештерство. Дали тоа биле жени кои се разликувале од толпата, по својот изглед, по начинот на однесување и по нивните интереси, па заради тоа некој само сакал да ги елиминира или пак обвиненијата за вештерство биле вистинити?

Мол Даер

Даер била осамена жена која живеела во периферијата на Света Марија Каунти, Мериленд. Таа била обвинета дека е вештерка. Откако селаните поради тоа ја запалиле нејзината колиба таа побегнала во шумата. Се верува дека пред да почине го проколнала селото со години да владее настинка и заболување во него. Нејзиното тело било пронајдено на една карпа која и денес сè уште е таму.

1-vistiniti-prikazni-za-zheni-koi-se-izvor-na-strav-kafepauza.mk

Марет Јонсдотер

Била првата Швеѓанка која била осудена во големиот лов на вештерки. Марет била обвинета за јавање на мажи како тие да се коњи. На чудотворната полјана наречена Блокула изведувала сатански ритуали против нивна волја. Иако измачувана, таа никогаш не ги признавала злоделата и затоа не можела да биде егзекутирана. Но, потоа Швеѓаните го менуваат законот. Таа е обезглавена пред да ѝ го запалат телото на клада.

2-vistiniti-prikazni-za-zheni-koi-se-izvor-na-strav-kafepauza.mk

Мари Лаво

Била позната како Вуду Кралица на Њу Орлеанс. Мари Лаво наводно била вплеткана во некроманија, контрола на умот, телекинеза, дури и правела љубовни напитоци. Таа никогаш не е обвинета за нејзините магии, напротив 12.000 луѓе дошле за да ја изразат нивната почит за време на нејзиниот погреб.

3-vistiniti-prikazni-za-zheni-koi-se-izvor-na-strav-kafepauza.mk

Салем вештерки

Судењето на Салем вештерките започнало во 1692 година кога ќерката и внуката на попот започнале да се однесуваат чудно, фрлајќи предмети и врискајќи. Градскиот доктор им дијагностицирал соработка со ѓаволот и наскоро 200 луѓе биле обвинети за вештерство, а 20 од нив биле убиени заради овој чин.

4-vistiniti-prikazni-za-zheni-koi-se-izvor-na-strav-kafepauza.mk

Агнес Вотерхаус

Таа е првата жена во Англија која била обвинета за вештерство и убиена во 1566 год. Тажно е што нејзината црна магија била причина за смртта на многу луѓе во градот. Таа дури поседувала мачка која се викала Сатана. Додека ја носеле на бесилка, таа признала дека еднаш се обидела да убие човек, но неговата верба во Бога ги спречила сатанските моќи да делуваат врз него.

5-vistiniti-prikazni-za-zheni-koi-se-izvor-na-strav-kafepauza.mk

Мерга Биен

Германскиот принц од Фулда, Балтазар Фон Дернбах во 1603 год. со Марга Биен го започнал ловот на вештерки. Таа веќе била двојна вдовица и штотуку омажена за својот трет сопруг. Луѓето на Фон Дербах ја измачувале, сè додека таа не признала дека користела вештерство за да ги убие претходните двајца сопрузи. За време на судењето таа била трудна и мислела дека тоа ќе ѝ помогне да се спаси, но Фон Дербах ја присилил да признае дека носи дете на Сатаната. Била запалена на клада.

6-vistiniti-prikazni-za-zheni-koi-se-izvor-na-strav-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар