Вистината е откриена: Дали астралната проекција е опасна по живот?

Вистината е откриена: Дали астралната проекција е опасна по живот?

Реалноста што на сите ни е позната е ништо повеќе од една обична проекција која ја нарекуваме свест. Некои луѓе можат да отидат еден чекор подалеку и да доживеат астрална проекција. Астралната проекција е еден вид вонтелесно искуство. За да го доживеете, мора да бидете целосно опуштени. За време на астралната проекција, физичкото тело се преместува во астралното тело на некој начин и успева да остане поврзано со него преку сребрена врвца. Звучи забавно и ослободително, се согласувате? Но, дали ваквото искуство има и свои лоши страни?

Вистината е откриена: Дали астралната проекција е опасна по живот?

Ако сте го гледале филмот „Подмолен“ (Insidious) тогаш сигурно претпоставувате дека астралната проекција може да им ја отвори вратата на злите души и демони, кои ќе сакаат да се хранат со вашата енергија и целосно да ви го преземат телото, додека вашата душа ќе остане заглавена во некој простор помеѓу светот на живите и мртвите. Ова се случува во филмот, но дали астралната проекција навистина може да биде опасна? Па, зависи од тоа како го сфаќате ова вонтелесно искуство.

Ако имате можност да поминете низ такво искуство, но го направите тоа погрешно, навистина може да поканите многу негативни и непожелни енергии и влијанија. Никогаш не сте сами на вашите патувања. Доколку им дозволите на погрешните енергии и суштества да патуваат со вас, може да ѝ овозможите на негативната енергија да влезе во вашиот живот.

„Секоја вечер илјадници луѓе ги напуштаат телата (најчесто додека спијат, но честопати и додека се комплетно несвесни дека им се случува такво нешто) и нема никаква причина да верувате дека овие луѓе ќе бидат опседнати и вовлечени во некаква опасност“, Кит Рендолф во „Вистината за астралната проекција“ (The Truth About Astral Projection).

Кога излегуваме од телото, како што тоа се случува за време на астралната проекција, не сме поподложни на смртта. Секако дека може некој да ви влезе во соба и да ви наштети додека не сте во телото, но истото може да се случи и доколку спиете.

Иако астралната проекција може да биде прекрасно искуство, мора да бидете внимателни. Ако сакате да се обидете со астрална проекција, мора да одберете добри „сопатници“. Внимавајте кого ќе поканите на вашето патување и што ќе вратите назад во телото. За повеќе информации, погледнете го следново видео…

Во продолжение, прочитајте нешто повеќе за луцидниот сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар