Вино од марихуана

Овој нов изум, калифорниските винари се обидуваат да го чуваат во голема тајност. Консумирањето на овој новитет е овозможено само за еден мал круг на посебно одбрани луѓе.Вино од марихуанаРецептот се состои во тоа што се додава половина килограм марихуана во садовите за ферментација на виното. Најчесто овој рецепт се приготвува со вина од сортите „Каберне Совињон“ и „Шираз“.

Процесот на ферментација го претвора шеќерот од грозјето во алкохол, а алкохолот го извлекува тетрахидроканабинолот, активната супстанца од марихуаната. Овој процес трае околу девет месеци. Ова вино има билна арома, а оние кој успеале да го пробаат, тврдат дека од една чаша може „интересно“ да се опиете.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар