Вингсуит летање – врвно адреналинско искуство

Вингсуит летање – врвно адреналинско искуство

Вингсуит летањето е екстремен спорт кој на човекот му овозможува да го постигне она за што отсекогаш мечтаел – да лета како птица. Благодарение на силниот наплив на адреналин и спектакуларната глетка за време на летот, тој станува сè повеќе популарен во светот.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоВаквиот начин на едрење во воздухот се постигнува со помош на специјален вингсуит костум изработен од синтетички материјали. Неговата посебност која му дава можност да го држи човечкото тело долго во воздухот се состои во додадениот материјал помеѓу рацете и телото и помеѓу двете нозе. На тој начин телото добива повеќе површина, па е многу полесно да одржи во воздухот. Сепак, овој костум не е доволен за безбедно спуштање на земјата, па затоа и падобранот е задолжителен дел од опремата.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоЕден вингсуит лет започнува со скок во бездна. Погодно за тоа е која било висока локација, а најчесто тоа се прави од високи карпи или авион (како падобранското скокање). Откако летачот кратко време е во слободен пад, тој ги раширува рацете и нозете и почнува да лебди во воздухот благодарение на специјалниот костум. Од овој момент, тој може слободно да го управува својот лет во воздухот во рамки на техниката што ја поседува и на она што го овозможуваат воздушните струи. Брзината на летот е фантастична – со помош на ветрот лесно може да премине 200 км/ч.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоВингсуит летање – врвно адреналинско искуствоВингсуит костумот е така дизајниран што овозможува широк простор за маневрирање. Искусен летач би можел да ужива и во извесни лудории во воздухот, но никако не смее да претера со тоа поради можноста за грешки и енормната опасност од повреди кои можат да завршат фатално. Кога веќе ќе се спушти доволно блиску до тлото, летачот го пушта падобранот и безбедно се спушта на земјата. Ваквите летови не траат премногу долго, тие секогаш се пократки од десет минути.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоЗа да се започне со вингсуит летање, неопходно е потенцијалниот летач да има огромно искуство со падобранско скокање. Повеќето училишта бараат барем 200 скокови пред да ги примат кандидатот на курс. Ако сте далеку од тоа, изгледајте ги следните видеа и уживајте!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар