Видови „фејсбукери“

Во последниве неколку години Фејсбук стана голем дел од нашите животи. Со нашите пријатели постојано споделуваме слики, интересни статуси, музика… Поголемиот дел од нас не може да помине ни еден ден без барем на брзина да провери да не има нешто ново на профилот. Сепак, различни луѓе различно ја доживуваат оваа социјална мрежа, но можат да се забележат неколку групи на пријатели кои сите ги имаме.

Видови Фејсбукери

Еве една интересна поделба во која сигурно ќе препознаете барем еден ваш пријател:

Ранобудникот смета дека негова работа е секое сабајле прв да напише „добро утро“ на својот ѕид, а потоа чека да види кој прв ќе одговори.

Демначот никогаш не пишува постови, ниту пак одговара на вашите, но секогаш чита сè за сите… може и да искоментира на некој ваш пост, но тоа ќе биде во четири очи.

Смајли – обично не пишува ништо посебно, но затоа пишува „хахаха“  на сè на што ќе налета.

Господин популарен и госпоѓа популарна – има 4999 пријатели и секојдневно менува слика средена во Фотошоп на која има минимум педесетина лајкови и десетина коментари.

Гејмерот ги игра сите можни игри на Фејсбук и од него постојано добивате нови покани да му се придружите во игри чиешто име не можете ни да го изговорите.

Музичарот на секои десетина минути постира ново музичко видео на неговиот ѕид, до кој вие немате пристап за да не ја нарушите неговата плејлиста.

Циник – тој е незадоволен од својот живот и од сè што е поврзано со него и секојдневно го повторува ова преку неговите статуси.

Колекционерот не е заинтересиран за вашите статуси или слики, но затоа е член на секоја група и фан е на секоја страница.

Промотерот е запознаен со сите забави и настани во градот и секако ви испраќа барем две покани дневно кои вие најчесто ги игнорирате.

Лајкер – ретко кога коментира, но неговиот лајк се среќава на сите ваши слики и постови.

Кралот/кралицата на драмата – оваа личност секогаш пишува постови како „леле не ми се верува што се случи“ или „ќе ме полудат“ и со нетрпение чека да ја прашате за што се работи…

Информаторот секогаш пишува каде е, со кого е и што прави во тој момент, без разлика колку безначајно ви звучи тоа вам.

Паметниот секојдневно споделува цитати од познати физичари, математичари, филозофи, психолози…

Уметникот има само една слика од себе колку да го препознаете, но покрај неа има и дваесетина албуми со неверојатни слики што не можете да ги видите на друго место.

Крадецот секојдневно краде статуси и интересни слики од вашите профили, притоа секако јавно ви се извинува за сторениот криминал.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Ангела Reply

    Јас се пронајдов во демначот и паметниот. :))

  2. Demonic Reply

    Циник – тој е незадоволен од својот живот и од сè што е поврзано со него и секојдневно го повторува ова преку неговите статуси.

    So not true! Ова е повеќе емо од колку циник. Иначе…ако морам да бирам, најблиску сум до демнач.

  3. ? Reply

    Зашто су само у мушки род?

Остави коментар