Видео од 82 секунди кое ќе го промени начинот на кој го гледате светот

Погледнете го ова неверојатно видео кое целосно ќе го промени начинот на кој го гледате светот. За само 82 секунди ќе добиете сосема нова перспектива за површината на Земјата, Сонцето, ѕвездите и животот.

Површината на Земјата од највисоката планинска точка до најниската точка во длабочините на океанот изнесува само 18 километри. Всушност, Земјата е многу мазна. Земајќи ја предвид нејзината површина, во просек, таа е помазна и од едно топче за билјард.

На светлината која доаѓа од вселената ѝ се потребни многу години за да пристигне до Земјата. Тоа значи дека светлината од ѕвездите што ја гледаме на небото настанала пред стотици години. На пример, светлината на ѕвездата Северница е преку 400 години стара. Со други зборови, ноќното небо може да се смета за вистинска временска машина.

Видео од 82 секунди кое ќе го промени начинот на кој го гледате светот

Човековото око не е способно да види голем дел од сончевата радијација. Ние можеме да видиме само мал дел од вкупниот спектар на бои. Пчелите, за разлика од нас, можат да гледаат слики кои ние не можеме да ги видиме. Постои еден цел свет во нашиот свет кој е невидлив за нас.

Атомите од кои е составено нашето тело можат да се најдат во елементите кои го создале Универзумот. Тоа значи дека ние живееме во овој Универзум, но и дека тој живее во нас.

Неверојатно! Како се чувствувате сега?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар