Вицови за мажите измислени од страна на жените

Најчеста тематика во вицовите кои можеме да ги чуеме или прочитаме се жените. Без разлика дали станува збор за „плавушши“, бринети, сопруги, свекрви или нешто друго, жените се оние кои се ставени во незгодна ситуација.

Ова се неколку вицови на кои мажите седат на жешкото столче, а истите се измислени од жени.

Вицови за мажите измислени од страна на жените

1. Зошто мажите се женат? – За да не мора повеќе да го вовлекуваат стомакот.

2. Кога мажите би имале менструација, би се фалеле со големината на тампонот кој го користат.

3. Не надевајте се дека можете да промените нешто кај мажите, освен ако сè уште се во пелени.

4. Секогаш одбирајте помлад маж. Иако тие никогаш не растат…

5. Не е вистина дека жените прават будали од мажите. Повеќето мажи се водат според мотото „Направи сам“.

6. Љубовта е слепа, ама бракот е искуство кое ги отвора очите.

7. Запомнете дека да имате смисла за хумор, за него не значи дека треба да кажувате вицеви, туку да се смеете на неговите.

8. Што е заедничко помеѓу веце шолја и годишнина од брак? Обете мажите никогаш не ги погодуваат.

9. Што за мажите е романтично помината вечер? – Секс.

10. Зошто мажите не перат алишта? Затоа што машината за перење не работи на далечински управувач.

11. Кој е единствениот начин да го натераш мажот да го запомни датумот на годишнината од брак? – Ќе се земете на неговиот роденден.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Hahahhahahahahaha 😀

  2. mymoon Reply

    Zosto vicovite za mazite se mnogu glupi? zatoa sto se izmisleni od strana na zenite.

  3. Vodolija Reply

    go imam pogodeno edinstveniot nacin za da go zapomni datumot na godisnina hehe

  4. Трајан Reply

    Ова е составено од мало девојче… 90% не е точно… хаха
    романтично помината вечер – секс хахах глупости…

Остави коментар