Вашата иднина е запишана во ѕвездите: Со помош на нумерологијата откријте ја вашата среќа

Вашата иднина е запишана во ѕвездите: Со помош на нумерологијата откријте ја вашата среќа

Личниот број се смета за среќен за оној кој го поседува. Постојат девет едноцифрени броеви и според нумерологијата, секој човек има три броеви кои влијаат врз него: духовниот број, судбинскиот број и бројот на името.

Вашата иднина е запишана во ѕвездите: Со помош на нумерологијата откријте ја вашата среќа

Духовниот број многу лесно се пресметува. Сè што треба да направите е да ги соберете броевите кои се содржат во вашиот датум на раѓање. На пример, ако сте родени на 23 јули, вашиот духовен број е 2+3=5, односно бројот 5.

Судбинскиот број се добива така што ги собирате броевите во целосната дата на вашето раѓање. На пример, доколку сте родени на 22.05.1988 година, вие треба прво да ги соберете сите броеви поединечно: 2+2+5+1+9+8+8=35, а потоа да продолжите со собирање сè додека не стигнете до едноцифрен број: 3+5=8. Во овој случај, судбинскиот број е 8.

Бројот на името се добива така што ги собирате броевите на буквите од вашето име според табелата подолу. Исто како и со судбинскиот број, така и со бројот на името вие треба да собирате сè додека не добиете едноцифрен број.

A, И, Ј = 1

Б K, Ќ, Р =2

Ц, Г, Л, С, Ч, Џ, Ш, Љ =3

Д, M, T, Џ, Ѓ =4

Е, Х, Н, Њ, Ѕ =5

У, В =6

О, З, Ж =7

Ф, П = 8

На пример, Петар Петровски: 8+5+4+1+2+8+5+4+2+7+6+3+2+1=58; 5+8=13; 1+3=4. Во овој случај, бројот на името на оваа личност е 2.

Откако ќе ги пресметате вашите 3 броеви, погледнете го нивното значење и откријте нешто повеќе за вас и вашата среќа…

1 – Личностите со овој број се силни, а понекогаш и егоистични бидејќи секогаш тргнуваат од себеси. Имаат висока интелигенција и се предодредени за среќа. Тие се енергични, а понекогаш поради емоциите делуваат растроено.

2 – Овој број носи среќа, но и задоволство. Се работи за дарежливи и страсни личности кои се чувствителни, сентиментални и многу романтични.

3 – Станува збор за возвишен број чии припадници најчесто се предодредени за големи нешта. Тие се многу интелигентни, духовни и често имаат шесто сетило. Тие однапред знаат некои нешта, претчувствуваат и неретко служат за пренесување важни пораки на човештвото.

4 – Овој број претставува солидарност, обврска и целосна посветеност од личноста која го носи. Тие се професионални и интелектуални. Нивната предност е слободоумноста, бидејќи во нив не постојат табу теми. Тие се комплексни, одлични пријатели, партнери, деца, родители… На овие личности секогаш можете да сметате.

5 – Социјални личности, вистински светски патници. Тие ја обожаваат природата, дружењето и движењето. Ним најмногу им одговара живот во голем град, како и работа преку која ќе комуницираат со многу луѓе. Освен леснотијата во комуникацијата, тие се одликуваат и со енергичност, веселост и знаење како да уживаат во животот.

6 – Овој број е поврзан со работа, па неговите припадници се секогаш способни и добро подготвени, организирани и често интелигентни. Тие се одговорни родители, а најмногу им лежат професорските позиции.

7 – Станува збор за број кој е инспириран од уметноста. Припадниците на овој број се уметнички души кои се бават со сликарство, музика или нешто слично. Меѓу нив се кријат најголемите уметници, а покрај смислата за убавото, тие често и физички добро изгледаат.

8 – Овој број е кармички, па често неговите припадници живеат различно од другите луѓе. Тие се смирени, често повлечени и својот приватен живот и мисли ги држат за себе, криејќи ги од околината. Тие се мистериозни и таинствени.

9 – На овие личности им треба многу простор, сакаат авантури и ризик. Тие знаат како да уживаат во својот живот. Често се револуционерни, посебни, различни и ја прошируваат свесноста за реформите и за новите начини на живеење. Тие секогаш сакаат промени, нешто различно и нешто ново.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар