Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега

Навидум личи како да станува збор за некаков уметнички проект, но овие разнобојни стаклести зрна пченка, се реални и можат да се јадат. Станува збор за специјална сорта наречена „Glass Gem Corn“, која расте од засадено семе. Самото нејзино име зборува за нејзиниот стаклест изглед, кој потсетува на скапоцени камчиња. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Овој вид е произведен од страна на фармерот Карл Барнс од Оклахома, кој забележал дека повремено на клавчињата се појавуваат зрна со необична боја, кои имаат сјајност. Барнс ги собрал и ги зачувал тие зрна и благодарение на неговиот мајсторлак за размножување и повеќегодишни макотрпни обиди, се родила оваа интересна пченка. Инаку фармерот има потекло од домородниот народ Чироки, од Северна Америка.Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Кога Барнс остарел, ја предал својата колекција скапоцени зрна на неговиот пријател Грег Шон и му го објаснил процесот на размножување на пченката. Во 2010 година Грег решил да се пресели на друго место, но пред тоа ја реализирал својата намера да најде некој кој ќе ја чува и заштити колекцијата семиња, за да не се изгуби или да се уништи во процесот на селење. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Притоа, решил да ги складира семињата во една мала компанија за семиња во Аризона, „Seeds Trust“. Љубопитен за тоа што ќе порасне од семињата со толку карактеристично име, сопственикот на компанијата, Бил Мекдорман, решил да посади неколку во неговата градина и бил счудоневиден од резултатите. Тој основал непрофитна организација со име „Native Seeds/SEARCH“ за да го заштити и зачува агрикултурното наследство на нативните Американци. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Организацијата сега ги продава семињата преку веб-сајт, за 7,95 американски долари по пакет и истите се многу барани и често се распродаваат. Пченката може да се користи за правење брашно или пуканки, но не се препорачува да се јаде директно од клавчето. Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега Вакви клавчиња пченка не сте виделе досега


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар