Уникатни честитки за Св. Валентин

Автори: Елена Јошеска и Симона Ристоска

За оние кои ги сакаме не е потребен посебен празник или пак некој скап подарок за да им подариме малку повеќе внимание и љубов. Сè што е потребно, е малку инспирација и време за да создадеме нешто уникатно и несекојдневно. Зошто да не ја изненадите саканата личност со слатка порака во интересно изработена картичка?

Подолу можете да погледнете неколку рачно изработени картички, кои сигурно ќе ви дадат некоја идеја, како и убави мисли за љубовта, колку за да добиете инспирација. Најважно од сè, уживајте во вниманието што го подарувате и насмевката која со сигурност ќе ја измамите кај саканата личност.

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Понекогаш, твоето присуство ми го одзема здивот и сите нешта што сакам да ги кажам не можат да го пронајдат својот глас. Тогаш, во молк, можам само да се надевам дека моите очи ќе зборуваат место моето срце“ – Роберт Секстон

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Љубењето длабоко ти дава сила. Да бидеш љубен длабоко, ти дава храброст.“ – Лао Це

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Најдобрите и најубавите нешта во светот, не можат да се видат ниту да се допрат. Можат само да се почувствуваат.“ – Хелен Келер

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Ако знам што е тоа љубов, тоа е поради тебе“ – Херман Хесе

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Те сакам на овој начин затоа што не познавам друг начин на сакање. Те сакам на начин, во кој не постојам јас и не постоиш ти и сме толку интимни што твојата рака на моите гради е мојата рака, а кога заспивам и твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Најголемата љубов е онаа која ја буди душата и те тера да се бориш за повеќе, онаа која разгорува оган во срцето и носи мир во мислите. Тоа е она што ти ми го подари мене. И тоа е она за кое се надевам дека ќе можам вечно јас да ти го дарувам тебе.“ – Николас Спаркс

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Те сакам значи, те сакам повеќе од кој било друг што те сака, те сакал или ќе те сака, и исто така, те сакам на начин на којшто никој друг не те сака, ниту те сакал, ниту ќе те сака, и исто така, те сакам така како што никој друг, никогаш сакал ниту ќе сака некого.“ – Џонатан Фоер

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Мојата иднина е всушност решено прашање од минатото. Ти беше мојата прва љубов и ти ќе бидеш мојата последна.“ – Боб Дилан

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Љубовта нема никаква врска со она што очекуваме да го добиеме. Само со она што се очекува да го дадеме, а тоа е сè.“ – Кетрин Хепберн

Уникатни честитки за Св. Валентин

„Велат дека кога некој навистина ти недостига, дека и таа личност го чувствува истото. Но не верувам дека е можно да ти недостигам толку, колку што ти ми недостигаш мене сега. “ – Една Милеј

Ова се уште неколку предлог картички со кои ќе го израдувате вашиот партнер и кои перфектно го отсликуваат значењето на изреката „малите нешта го прават животот поубав“.

Уникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. ВалентинУникатни честитки за Св. Валентин


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар