Ултра забавни апликации за Ајфон

Ултра забавни апликации за Ајфон

Имате 5 годинки? 20? 40? Не е битна вашата возраст. Со овие мега популарни апликации се забавуваат сите генерации.
.

Talking Harry

Хери е еден уморен еж, на кој му е многу досадно, но ако му дадете син енергетски пијалак, тој ќе постане карате мајстор и ќе повторува сѐ што ќе му кажете, само со многу побрзо темпо. Доколку пак се напие црвен енергетски пијалак, Хери станува фраерче облечено како Нио од Матрикс, кое успешно умее да избегнува куршуми и повторува сѐ што ќе кажете со ехо ефект. Хери буквално го имитира вашиот глас.

Ултра забавни Ајфон апликации Ултра забавни Ајфон апликации

За да ви биде уште поинтересно дружењето со Хери, можете да снимите и видео клип во склоп на самата апликација и да го споделите на Јутјуб, по имејл или со вашите пријатели на Фејсбук.

Апликацијата работи на Ајфон (на 2G и 3G работи малку поспоро поради послабиот процесор), на Ајпед, а за Ајпод Тач потребно е да ви се ставени слушалки со микрофон, преку кој тој ќе може да ве чуе што му зборите.

Хери ќе ви го прави денот многу поинтересен, а чини само 1.99 долари.


„Talking Tom Cat“

Мачорот Том повторува сѐ што ќе му кажете и има многу смешен глас. Ако го погалите тој ќе почне да преде, сака да му давате млекце, го нервира ако го фаќате за опаш и го боли ако го удрите по нога, стомак или по глава. Ако не му обрнувате внимание тој ќе почне да зева и да кива.

Ултра забавни Ајфон апликации Ултра забавни Ајфон апликации

За да ви биде уште посмешно можете и да испеете некоја песна, а Том веднаш ќе ја научи и ќе ја препее со неговото лудо гласче. Од вашето играње со мачорот можете да направите снимка и да ја споделите на Јутјуб, Фејсбук или преку имејл.

Мачорот Том е достапен за Ајфон (побавно работи на 2G и 3G), Ајпед и Ајпод Тач (потребни се слушалки со микрофон).

Оваа апликација ќе ве разведри и расположи, а најдоброто од сѐ е што е бесплатна. Можете да ја надградите со 3 дополнителни опции за 0,99 долари.


„Talking Carl“

Карл е поштенско сандаче кое повторува сѐ што ќе му кажете со неговиот смешен глас. Тој е најзабавниот лик кој што некогаш живеел во вашиот џеб. Ако го скокоткате, тој ќе се смее на цел глас. Ако го боцнете во око тој ќе почне да вика, ако го штипнете ќе почне да испушта чудни крици, а ако го игнорирате ќе почне да мрмори.

Ултра забавни Ајфон апликации Ултра забавни Ајфон апликации

Со Карл ќе се смеете со часови, без разлика на вашата возраст. На родителите им се допаѓа бидејќи децата се мирни додека си играат со него. Родители бидете внимателни! Ако еднаш се заиграте со Карл, нема да сакате да им го вратите на вашите деца.

Со Карл можете да си играте на вашиот Ајфон, Ајпед или Ајпод Тач, за кој ви се неопходни слушалки со микрофон.

Оваа апликација е ултра популарна, а ќе ве чини само 0,99 долари.

Слични апликации од овој вид:

Talking Baby Hippo; Talking Larry The Bird

.

.

ѐ


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар