Удобност, галење и пријателство: 8 причини зошто уште денес треба да набавите маче!

Драги љубители на мачки, конечно пристигна еден текст кој, се надеваме, ќе ве воодушеви, разгали и пред сѐ, ќе ве забавува. Некои истражувања покажале дека мачките се најдобрите домашни миленици, и да, сега љубителите на кучиња ќе се намуртат, а доколку сопственикот на некој друг домашен миленик ви се спротивстави, вие кои ги обожавате мачките слободно покажете му ги овие аргументи.

1-komfor-galenje-i-vistinski-prijatel-8-prichini-zoshto-ushte-denes-treba-da-nabavite-mache-www.kafepauza.mk_

1. Сопствениците на мачки се поинтелигентни

Истражувањата покажале дека сопствениците на мачки имаат во просек поголем IQ од сопствениците на кучиња. Секако, не е мачката таа што ве прави поинтелигентни или побистри, но се претпоставува дека поинтелигентните луѓе работат подолго, а со самото тоа имаат помалку време за своите домашни миленици, а мачките бараат помало внимание.

2. Љубителите на мачките се скромни и добри луѓе

Сопствениците на мачки во просек се интровертни и поповлечени од сопствениците на кучиња. Доколку имате мачка ќе се согласите со тврдењето дека љубителите на овие животни се поскромни и дека не се склони кон манипулации. Тоа е особина која голем број луѓе и тоа како ја ценат.

3. Мачката позитивно влијае врз работата на срцето

Поседувањето домашен миленик е добро за срцето, но поседувањето мачка е исклучително добро. Се покажало дека мачките позитивно влијаат на намалувањето на стресот, бидејќи бараат многу помала грижа отколку кучињата. Мачките ја намалуваат анксиозноста, а нивното галење има смирувачки ефект врз нас. Една студија покажала дека луѓето кои поседуваат мачки имаат 30% помали шанси да умрат од срцев или мозочен удар во однос на луѓето кои ги немаат.

2-komfor-galenje-i-vistinski-prijatel-8-prichini-zoshto-ushte-denes-treba-da-nabavite-mache-www.kafepauza.mk_

4. Не мораат да одат на прошетка

Секако дека е пожелно понекогаш да ја изнесете вашата мачка надвор, а и хигиенски е доколку својата нужда ја извршува надвор од домот. Но, за разлика од кучињата, мачката не мора да ја носите на прошетка три пати дневно кога е надвор студено или пак, голема горештина. Доволно е да ѝ поставите песок во аголот на собата и таа сама ќе ја изврши својата нужда во него.

5. Тие се одлично друштво

Заблуда е дека кучињата се врзуваат за човекот, а мачките за територијата. Мачките се и тоа како социјални животни и се врзуваат за своите газди, а доколку немате партнер или живеете сами, мачката е сјаен другар, бидејќи илјадници години припитомување ги направиле мачките наши вистински сојузници.

6. Потивки се од кучињата

Тие се многу тивки. Нема да лаат на секое ѕвонење на вратата, да завиваат заедно со радиото или да прават бучава која би можела да им пречи на вашите соседи.

7. Може слободно да живеат и во мали домови

И на малите раси кучиња им е потребен простор за да можат да уживаат, но со мачките тоа не е никаков проблем. Тие ќе се снајдат и во најмалите простории и нема да им биде воопшто неудобно.

8. Мачките имале статус на божества

Овој историски факт кажува сѐ. Кучињата можеби се најдобрите пријатели на човекот, но во стар Египет, мачките имале статус на божество и тоа е нешто што не може да се надмине.

Доколку сте вредни, амбициозни, но и неуредни, сигурни сме дека поседувате особини на типичен сопственик на мачка!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар