Училиштето кое ги надминало очекувањата правејќи еден необичен предмет задолжителен

Едно речиси напуштено училиште од Англија се соочило со сериозен проблем. Директорот Навид Идриз изјавил:

„Моравме да преземеме посебни мерки. Ентузијазмот на вработените беше низок, родителите не беа задоволни, резултатите беа слаби и имавме проблеми со буџетот. Можевме да се посветиме на подобрување на резултатите. Можевме да додадеме повеќе часови по англиски, математика и слично, но не го направивме тоа. Можеби резултатите ќе се подобрат, но ентузијазмот на професорите и желбата за учење на децата нема да се врати. Сакавме децата да уживаат во учењето.“

ushilishteto-koe-gi-nadminalo-ochekuvanjata-pravejkji-eden-predmet-zadolzhitelen-kafepauza.mk

Она што направило училиштето да го реши проблемот е додавање 6 часа неделно по музичко образование за секој ученик. Резултатите биле неверојатни:

  • Училиштето е во топ 10% за напредок во читање, пишување и математика.
  • 74% од учениците го исполнувале националниот стандард за читање, за разлика од просекот кој е 53%.
  • 74% од учениците го исполнувале националниот стандард за пишување и математика за разлика од просекот кој исто е 53%.
  • Учениците имаат 7,1 поен повеќе за читање и 3,4 поени повеќе за пишување од просекот на другите училишта.
  • Учениците имаат 6,5 поени повеќе од националниот просек за математика.
  • Резултатите на учениците со пречки се високо над просекот од другите училишта.

Она што го прави достигнувањето уште поневеројатно, е тоа што училиштето има сè против него. Тоа е лоцирано во сиромашен дел во Брадфорд, Англија. Надвор од училишните порти е Брадфорд Мур, односно најсиромашното и најгусто населеното соседство во градот.

Резултатите се уште поневеројатно поради самите ученици – 99% од учениците (кои се 510) не зборуваат англиски како прв јазик бидејќи се со потекло од Индија, Пакистан и Бангладеш. Половина од нив се запишуваат на училиште без да знаат ниту еден збор на англиски јазик. И покрај ова, училиштето успеало да ги надмине сите очекувања. Тие почнале да ги учат децата играјќи музички игри. Децата учат ритам, знаковен јазик и движење на начин кој ќе им помогне во читањето, пишувањето и математиката.

Отсуството е многу мало

Музиката е извор на радост и може да ви го подобри расположението, па не треба да нè изненади фактот дека присуството на учениците е 98%. Музиката е важен дел од секој училиштен ден. Секое дете има барем 2 часа музичко во неделата. Секое дете има 30-минутна музичка лекција, 30-минутна лекција по друг предмет и 1 час музички ансамбл со гостин музичар или некој бенд. Песните се вклучени и во другите часови, па децата често пеат за распореди или историја.

Случај за креативните уметности

Бидејќи музиката и уметностите систематски се отстрануваат од многу училишни програми, креативноста станува вид во опасност. Но напредокот на ова училиште е доказ дека треба да се ценат уметностите кои не само што го подобруваат академскиот перформанс, туку помагаат и во емоционалниот развој.

Музиката помага да дојдете во допир со вашите чувства, многу често и со оние потиснатите. Часот по музичко е најубавиот дел од денот за овие ученици и навистина им помага да ја отстранат напнатоста. Идриз споменал дека музиката е важна и за менталниот и социјалниот развој на децата.

„Многу тивки деца не знаат како да се справат со емоциите, не знаат како да се справат со негативноста. Но наједноставното играње игри може да им помогне да научат некои социјални вештини, како контакт со очите и чекање ред. Истовремено, слушањето музика им помага да ја подобрат концентрацијата во ера каде што доминираат смартфоните и таблетите.“

Важно е да сфатиме дека креативната уметност треба да биде дел од образованието за доброто и на учениците и на професорите.

Погледнете и како изгледа училиштето од соништата според македонските ученици.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар